Прилепчани отидоа мнигу напред – заштитни штитови за медицинарите

0

Општина Прилеп продолжува со активностите околу изнаоѓање дополнителни мерки за заштита на граѓаните од коронавирусот.

Откако неколку компании пред неколку денови започнаа со изработка на заштитни маски, од попладнево стартува изработката и на штитови за лице, кои првично ќе бидат наменети за заштита на здравствените работници.

– Имаме нов начин на изработка на заштитни маски, се работи за заштитен штит за лице, кој што е дело на компанијата ‘Ипринт’ со што покажуваме дека се грижиме за нашите граѓани.

Ќе започнеме со распределба на штитовите за лице на медицинскиот персонал, како некој што е најмногу изложен на ризик од инфекција со коронавирусот. Штитовите за лице се ставаат над заштитната маска, за да заштитата биде поголема од кивање, кашлање и капличната инфекција која се јавува.

Во Прилеп има се’ повеќе вакви компании кои ќе се вклучат во производството на овие заштитни штитови. Затоа денеска формиравме таканаречен ‘3Д пункт’, каде нашите сограѓани кои поседуваат 3Д принтери можат да се јават, со цел да направиме што побрзо и што повеќе вакви штитови за лице, затоа што се неопходни во овој момент – изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Шеесетина штитови утре ќе и’ бидат предадени на Општата болница. Во следните неколку денови вакви штитови ќе добие целиот медицински персонал во болницата, после што заштитни штитови ќе им бидат донирани и на матичните лекари и стоматолози.

Целиот текст прочитајте го на Нова Македонија

Претходна статија,,Баш ги брига” – италијански фудбалер раскажува како се однесуваат Италијаните
Следна статијаВесна Бејби: Замислете како е да имате болно дете со лекови кои чинат половина административна плата