Повик до дијаспората: Денес е последен ден да ни се придружите за да го поразиме Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

0

Денес, 11-ти март е последен ден за пријавување на гласачи во дијаспората на Македонија за гласање на претстојните предвремени избори. Денес е шансата на граѓаните на Република Македонија ширум светот да го искажат својот став и да го казнат Зоран Заев и неговите погубни политики.

Ги повикуваме сите оние кои што досега не се пријавиле за остварување на своето гласачко право во дипломатските и конзуларни претставништва на Македонија ширум светот да го направат тоа, бидејќи само така ќе се спротивстават на поразите и неуспесите кои Заев и неговата власт и ги направија на нашата татковина.

Знаеме дека власта на СДСМ ќе направи се, дијаспората да не гласа, исто како што знаеме дека нашите државјани во странство живеат за Македонија и тие се нераскинлив дел од нејзиниот општествен, економски и политички живот. Нивниот голем интерес за изборите на 12-ти април само може да го направи поубедлив поразот на Зоран Заев.

Заев ќе изгуби, но да го направиме неговиот пораз поголем. Македонската дијаспора има историска можност со својот глас да покаже дека, не само тука во Македонија, туку и секаде во светот, Заев и неговите штетни политики за Македонија се поразени и делегитимирани.

ВМРО-ДПМНЕ била и останува опцијата која што работи на националните и државни интереси. ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која верува во дијаспората и се залага за уште посилно развивање на нејзините врски со матичната земја, бидејќи тоа е од заеднички интерес на сите.

Нашиот успех на претстојните избори е подеднакво важен и за граѓаните тука во Македонија, но и за нашинците во Австралија, Америка и Европа. Нашата победа ќе биде голема, но да ја направиме историска и заедничка.

Ве повикувам масовно да се вклучите во изборниот процес за претстојните избори и денес да го најавите вашето гласање во дипломатско конзуларните претставништва и да бидете дел од победата за обновата на Македонија, вели во својот повик генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Слична порака стигна и од лидерот Христијан Мицкоски:

-Има две основни одлики за Заев и неговата власт. Тие се неспособни и потопени во криминал. Овие две работи ја туркаат Македонија во погрешна насока. Решението е на 12 април. И ова е шанса за промена која им припаѓа на сите Македонци. Денес, 11 март е последниот ден за пријавување на гласачи во дијаспората на Македонија за гласање на претстојните предвремени избори.

Апелирам на што можна поголема излезност за да на 12ти го испорачаме одговорот за неспособната и криминалната власт. Денес е шансата на државјаните на Република Македонија ширум светот да го искажат својот став и да го казнат Зоран Заев за неговите погубни политики. Пријавувањето е едниот чекор, вториот е испорачување на одлуката за промена на 12 април.

Претходна статијаПавле Богоевски во следните две недели ќе биде во изолација – откри и поради што
Следна статијаДали имате настинка, грип, коронавирус или алергија? Како да ги разликувате кога толку се слични?