На глобално ниво, светот се соочува со едно од најголемите искушенија од неговото постоење. Во историјата, постоеле многу заболувања и вируси, но се чини дека Корона е нешто што ќе го одбележи овој век.
Колку поради начинот на пренесувањето на овој вирус, уште повеќе и поради времето во кое живееме, време на современи комуникации, кога информациите се шират со брзина на светлината.
Па така, освен проверени и точни информации, на интернет може да се прочитаат и многу измислени нешта, во кои луѓето веруваат и се шири непотребна паника меѓу нив.
Корона се прошири на сите континенти и речиси сите држави јавуваат за инфицирани случаи. Најпогодени земји до овој момент се Кина и Италија. Веќе денес, поради наглото зголемување на бројот на сомнителни случаи, државата Њујорк прогласи вонредна состојба.
Во нашата држава, досега се потврдени три случаи. Здравствените власти се обидуваат максимално да ги информираат и едуцираат граѓаните, со цел поуспешна превенција од вирусот.
Еден од лекарите кој уште од самиот почеток се труди на социјалните мрежи да ги информира граѓаните за сите нови моменти во врска со вирусот, е матичниот лекар, Ненад Лазаров. Ова е неговиот последен статус:
,,Министер, батали пресови волку често, да не ти е у кожа човек, треба да се менаџира ова тек допрво, земи стап и размрдај се што е заспано у здравство.
Нека искача друг некој, не мора се сам.
Солидно менаџирате до сега, можете и боље, има искусен кадар кој недоволно или воопшто не е ангажиран, губите време на тривијалности и објаснувања, а има толку што да се направи.
Веќе апелирав да се стават во функција матичните лекари, стануваме фронтална линија, фали едукација и опрема, фали буквална и директна инструкција и комуникација.
Нека помине ова после објаснујте се политички, и за глупости плацеви мацеви, никој, ви тврдам, не го интересира тоа во моментов.
Опозиција, другарски совет, имате огромен здрсвствен потенцијал како кадар, ај за промена, пробајте проактивно, понудете помош, вклучете се активно, има и други денови за политички мегдан.
Има и други теми, бо мби пукајте, све е легитимно од опозиција, ама здравствово олабавете го.
У крај краева, нели у интерес на народ треба да е се? Филипче сега да даде оставка у сред жижа, додека дојде друг и превземе и се ориентира кај се наоѓа, ќе има многу мр тви.”