По Трговски и по локали продавале сликовници – парите ги трпале во џеб

0

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот профил на социјалните мрежи објави за измама на граѓаните од девојки, кои продаваат сликовници со изговор дека парите одат за лекување на деца болни од канцер:

Злоупотреба на пари за деца болни од рак. Ќе ве замолам да внимавате на луѓе кои продаваат сликовници и бараат пари по кафулиња и локали во име на организацијата ,,Сано”, бидејќи тие средства ги задржуваат за себе. Никогаш не стасуваат до децата болни од рак.

Пријавете меѓудругото. Мене, на пример вакво нешто ми се случи лани, без никаков сомнеж дека некој би можел да заработува на ваков начин – купив сликовници.

Статус има објавено и од фондацијата ,,Сано”:

Почитувани другари и пријатели на децата во болница, Ве известуваме дека во Гостивар, во име на здружението САНО, девојки по кафулињата продавале сликовници, со образложение дека парите се за децата кои се лекуваат од канцер.

Станува збор за злоупотреба на името на САНО, ниту имаме акција во која продаваме сликовници, ниту подржуваме ваков начин на собирање на средства.

АПЕЛИРАМЕ до сите наши пријатели да ги пријават ваквите злоупотреби, а ние како здружение ќе пријавиме до надлежните институции.

Ги осудуваме и згрозени сме од сите кои лажно во име на деца кои се лекуваат од канцер, изнудува пари и заработува на нивната состојба. Ве молам не наседнувајте на вакви гадости!”

По оваа информација, многумина во коментари запрашаа дали и девојките кои продаваат сликовници во скопскиот Градски Трговски центар се дел од оваа измамничка шема, или се официјални лица на фондацијата, бидејќи многу граѓани поверувале и им давале пари, нормално, купувајќи сликовници.

Бидејќи, во соопштението од ,,Сано” на нивната фан страна на социјалните мрежи, стои предупредување само за Гостивар. Очекуваме во наредниот период ,,САНО” да ја објасни и оваа ситуација, а за измамниците да има соодветни санкции од институциите.

Претходна статијаСи легна ли Вучиќ на ,,брашно”: ,,Србија има капацитет да згрижи 10.000 мигранти”
Следна статијаВанковска бара да се отворат портите за мигранти и кој од нив сака, да си остане во Македонија