Милчин бара од Мицкоски веднаш да го разреши Николоски

0

Бурни реакции во јавноста предизвикаа небулозните изјави на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во Изборна единица 4, Александар Николовски, пренесува iportal.

Николовски, воведувањето на вонредната состојба, иако истото беше побарано и од неговиот лидер Мицкоски, го искористи за неосновано да го нападне својот опонент, носителот на СДСМ и коалицијата, претседателот на владејачката партија, Зоран Заев.

Тој, на панел дискусија а потоа и на прес конференција, обвини дека вонредната состојба била донесена само заради една причина а тоа е некаква корист за Заев.

По оваа небулозна изјава, реагираше целата јавност. Меѓу нив, со реакција се јави и режисерот, Владимир Милчин, кој инаку важи за редовен критичар на Зоран Заев и СДСМ во последните три години.

Милчин во коментар на фејсбук, напиша дека доколку бил на местото на Мицкоски, веднаш би побарал оставка од Николовски.

Извор: Iportal

Претходна статијаДржавата во која живеат многу Македонци воведува казни и до 25.000 евра поради Корона
Следна статијаДиректорите на Здравствен Дом се откажуваат од платите – парите за Итната медицинка помош