Коровешовска му објави видео како се потсмева со Македонија – Петар Колев вели, не е тоа што мислите

0

Петар Колев е млад политичар кој на македонската политичка сцена се појави како лидер на партијата ГДУ. Многумина го поврзуваат со партијата на Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД.

Тој вчера гостуваше во емисијата ,,Што не е јасно” на ТВ Алфа. Заедно со него гостин беше претседателот на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров.

По почетното претставување на Колев, тој изрази силен оптимизам за следните парламентарни избори, а тој оптимизам го темели на нивното учество на вонредните избори за градоначалник, каде тие освоиле шест проценти од гласовите.

-Доколку овие математики се пресликаат на централно ниво, ние би освоиле меѓу шеесет и седумдесет илјади гласови, истакна Колев.

Новинарката Искра Коровешовска изнесе констатација дека Петар Колев бил член на извршниот комитет на ВМРО-БНД, на Красимир Каракачанов, што Петар Колев остро го демантираше, велејќи дека никогаш не бил член на ИК на таа партија. Но тој воедно не се произнесе дали бил член на партијата.

Јас сум еден од сто и педесетте илјади Македонци, кои решиле да земат бугарски пасош, како резултат на лошите политики во оваа држава, рече Колев. Јас тоа не го кријам, бидејќи не сакам утре во рамките на политиката тоа да ми го префрлаат.

Но, новинарката Искра Коровешовска го замоли, пред да продолжат, да му пушти едно видео од негово гостување на Бугарска телевизија. Колев се согласи. На видеото може да се види како Петар Колев се потсмева со Македонската држава и вели дека детето (се мисли на државата) наполнило дваесет години и почнало да прави проблчеми. Па редно време било да се дисциплинира.

На ова Петар Колев побара да го објасни видеото и напомена дека не е така како што изгледа. Имено, тој објаснуваше дека се работи за хумористична и сатирична емисија, во која тој и соговорникот ги смениле улогите, а неговиот соговорник бил жесто критичар на Македонија.

Па така, Колев како Македонец зборувал против Македонија, а Бугаринот против Бугарија. Со ова не се согласи неговиот соговорник Тодор Петров, кој го откри идентитетот на соговорникот на Колев на бугарската телевизија. Колев рече дека тоа се лажи, односно дека Петров лаже.

По ова, Колев почна на висок тон, нервозно да вика по Тодор Петров, дека тој е лажго, дека реалноста била постоењето на двесте илјади македонци со бугарски пасошо, кои токму поради таквите како Петров кои ништо не направиле за оваа држава, младите земаат бугарски пасоши.

Погледнете го видеото, спорниот настап на Колев на бугарска телевизија е од 16 минута па натаму:

Претходна статија(ФОТО) Дачиќ радосен: Косово веќе нема мнозинство во ОН – Сиера Леоне го повлече признавањето
Следна статијаСе огласи Душко Млекарот од Германија: Овојпат и тоа што имаше да каже