Статус на Катерина Колозова:
,,Фејсбук да се затвори. Од недочитаност и приученост ќе се самозатворат (народов, по сопствено барање) во диктатура.
Пред да си воведете диктатура да ви кажам: 24/7 карантин во Европа НЕ Е ПОЛИЦИСКИ ЧАС (и по потреба се излегува во кој било дел од денот со пополнета пријава, врз основа на разработена листа на ТИПОВИ исклучоци), и тие излегувања се во кој било дел од денот од која било возрасна група а не во тесни time slots.
(Да, и за шетање куче, но и ако сестра ти си го изгубила клучот – не само за прашања на живот и смрт).
Полициски час има само на Балканот. Тоа не е исто што и lockdown во смисла на 24/7 карантин. Читајте, и гледајте вести посеверно од Белград.