Министерството за здравство објави детален извештај за заболените од Ковид-19 коронавирусот. Тука може да се види бројот на заразени по општини, вклучително и скопските општини.
Досега немаше податоци како се движи бројот на заразени по општини во Скопје.
Најмногу случаи на заразени се забележани во Карпош – 27, а потоа следат Гази Баба, Кисела Вода и Центар со 20 случаи.
Регистрирани се 11 случаи на граѓани кои се од други градови, а живеат во Скопје. Ист број на заболени има во Ѓорче Петров.
Аеродром има 8, Сопиште 7, Бутел 4, Чаир 3, Илинден 2, а регистиран е и еден странец.
Извор: Прес24