Јоци: Во моментов цела војска идиоти водат медиумска војна против СДСМ

0

Статус на Јорданка Ивановска Јоци:

Владата на Македонија не смее да дозволи она кое веќе го планира (ребаланси на Буџет и разни економски мерки) плус други ригорозни мерки за заразата, прво да излегуваат во медиуми во вид на статуси и колумни, па потоа истите тие да речат – ,,еве ги неспособни, ние им кажавме”.

Во моментов, зад завесата се води специјална медиумска војна против СДСМ, цела војска и мрежа од идиоти, кои, место да помогаат, одмагаат. Разни подземни и надземни структури кои короната ја користат за деструктивно делување и славење на секој новозаразен.

Токму затоа, Владата, треба да делува брзо, радикално и остро. И да ги потисне тие структури.

Оваа Влада води битки на неколку фронта – здравствен, економски, но и против мрачните медиумски сили.

Претходна статијаМакедонски репрезентативец заглавен во Италија: Ова е веќе неиздржливо
Следна статијаСе бара парична казна за уште еден лекар – познато за што се терети