Јоци му предвиде на Апасиев колку пратеници ќе освои: Или еден, или ниеден

0

Апасиев повторно ги разбранува македонските политички води, во дебата завчера на националната Канал 5 телевизија. Рака на срце, тој во таа емисија не беше главниот јунак, туку неговиот опонент, од другата страна на масата.

Димитар Апасиев до толку успеа да го испровоцира Петар Богојески, што овој урлаше од нервоза, а Апасиев дополнително го ,,палеше” со констатациите: ,,Отиде ти бе чоек”.

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци, која отворено ги застапува ставовите на владеачката партија, вчера, покрај многуте други, му посвети статус и на Апасиев. Му предвиде колку пратеници ќе освои на следните парламентарни избори:

,,Апасиев, идентично како вмројна, им предвидува пораз на СДСМ со десет разлика.
Го оставам сам да си види колку греши, бидејќи СДСМ е машинерија.

Професорот, кој не го познавам, а чии партиски другари ме блатаат по твитери дење-ноќе, а неам поим зошто, али отприлика почнаа во исто време со вмројни и еве ги сега гостуваат по ,,Алфа” емисии, треба ова да го знае пред да дава вакви ,,полетни” изјави.

За година дена од последни избори не се топат туку-така гласови, а беа 430.000. А, тие не беа парламентарни, кои се далеку поважни за гласачи.

Тоа е речиси невозможно, кого сака нек праша кој работел изборни процеси, да му каже околу овој филм кој им го тера на вмројна.

Тоа е според политиколошки науки. Башка сега е друг модел, пропорционален, плус СДСМ има предизборна коалиција, да не спомнувам НАТО влез и други ,,асесорис” кои ги имаат како ,,ас во ракав” за во кампања.

Од друга страна, партијата на Апасиев ќе помогне на СДСМ – ќе им скине гласови на вмројна, нема да земе од ,,грнето гласови” на СДСМ, бидејќи неговата реторика цело време е ,,северџани”. Не е за НАТО, а ни за ЕУ, а за сево ова гласаа 630.000 граѓани на референдум. Он е контраст од тие гласачи.

Му предвидувам само еден пратеник доколку има концентрирани гласови во ИЕ1 или ИЕ2, во спротивно – ниеден.”

Претходна статијаПчелар од Скопско колне и моли да му се најдат – викендов му украле 23 пчелни семејства
Следна статијаОткриено колку килограми бил Боки 13 – но и колку сакал да биде