Јорданка Ивановска Јоци ја анализира судската одлука во врска со новинарот на Инфомакс, Александар Митовски:
,,Малиов, мажено на Наталија ,,Инфомакс” уште се сили. Малку му биле изгледа 6 месеци условно. Во изјава порача дека ќе продолжел и Заев ќе си ги видел ,,бо мбите”. Сакаше да каже ,,ратките пиратки”, пошто негов Мице само тоа пушта, ни 24 часа ништо не трае во етер, непоткрепено, со дупки во прикаската, без материјални докази за јавност да верува…чаршиски муабетчиња, чамче играрии…
Не, не му доаѓа памет на ,,Инфомакс”. Он не конта дека после 12ти ќе го остават сам на себе и прашање е како сето тоа ќе го поднесе со оглед дека не е спремен.
А, бе, мали…Џабе гориш. Те нагрбачија твоите со 20 пријави, а и ти самиот. Куп луѓе пред тебе одбија да го објавуваат тој записник од ЈО, она за кое сега шпацираш по судови и допрва ќе се изморуваш од самиот себеси. Де, прашај го Геројна.
И за ред други пријави, пошто и вие више не знаете што објавувате и кај терате.
Ептен пуштивте демант од првиот човек на Алфите, Примислав, пошто и него го инволвираше во Рекет со жена ти, иначе и тука ќе ,,пуш еше”.
Во свој друг пост, Јоци зачудено коментира како Бранко Героски може да ги поддржува оние кои до скоро биле против него:
,,За Бранко Героски во 2020, ,Инфомакс” се новинари, а нивниот ,,пишан збор” не заслужувал драконски казни за оддавање службена тајна- 6 месеци условно. Ох, мори, Геројно, срце тоа, до каде ќе тонеш?
Прво те сликаа со Ивони, па сам си кажа седиш со Латаси, па ај се вадеше на фамилијарни негови проблеми (да, ти си баш сензибилен, ептен), па си кажа дека седиш со Савова, па Инфомакс земаа да те најавуваат ко нивна ѕвезда, па сеа се расфрлаш со цитати од Груевски по колумни…па сеа слушаме шатор ќе си ставел у Алфа, која е под истрага за перење пари, нема да се симнеш од нивни емисии со Сафетојна. Ќе си спиете таму изгледа до 12ти.
Како да ве крстиме – ,,Дружината братско стебло на Грујо” или…? Имаш подобар предлог?
Ова за тебе е пишан збор, Героски? Ти што учеше млади деца како да пишуваат по школи, ова поддржуваш во 2020, оддавање службени тајни и ваков вокабулар кој поттикнува говор на омраза, имено?
Тоа се истите ликови кои за истиот Героски пишуваа дека е ,,гериз”, ,,септичка јама”, ,,подлизурко”, дека и` наштетувал на државата….
И не само за него, туку пишуваа и за многумина други, кои, не знаеја како да се одбранат од ваквите ,,новинари” во време Грујово. Кои од петни жили мас крираа се’ што не е по ќеф на вождот Никола Груевски. Меѓудругото со секаков речник – ,,шарени прос ти тутки”, ,,изроди американски”…. Како не ти е срам, бе? Кој уште тебе те чита, не знам.”