Иселувањето си го направи своето. Во Македонија веќе нема, или се при крај работоспособните луѓе кои се нафаќаат да работат во угостителството. Доказ за тоа е огласот подолу.
Најприво го сфаќавме како шега, но кога почнавме да гледаме десетици автобуси дневно како заминуваат од татковината, полека стануваше јасно што ќе се случува со работната сила во Македонија.
Ова не е ништо ново. Со истиот проблем се соочија многу држави од источниот блок, пред сите Бугарија и Романија, чии граѓани изминатите десет години масовно се иселуваа во високо развиените Европски држави.
На овој проблем не остана имуни ниту Хрватска, па ни Словенија. Секоја година во Македонија се објавуваат огласи за сезонска работа во овие две поранешни Југословенски републики.
Хотел од МАвровскиот регион, кој во летната сезона работи извонредно успешно, бара сезонски работници со повеќе од пристијни плати. Се работи за хотелот ,,Неда” од Галичник. Платите во нивниот оглас се движат од 28 до 45 илјади денари.
Но тоа не е сè! Тие во огласот кој го објавија на социјалните мрежи имаат наведено дека на потенцијалните работници им обезбедуваат сместување, храна и превоз. Кога на основната плата би се додале и овие трошоци, кои реално е секој да ги направи, особено храна и превоз, се доаѓа до плата од скоро илјада евра. Ова е огласот:
,,Драги пријатели, со задоволство сакаме да ви соопштиме дека имаме потреба од проширување на тимот во нашиот хотел на следниве позиции за престојната сезона од месец Мај до месец Ноември, од наша страна е обезбеден престој, храна и превоз.
Готвачи со почетна плата од 45000 ден.
Салатери со почетна цена од 35000 ден.
Келнери со почетна плата од 30000 ден.
Собарки со почетна плата од 28000 ден.
Хигиеничари со почетна плата од 24000 ден.
Се што треба да направите е да ни испратите ваша кратка биографија во инбокс. Доколку имате било какво прашање слободно исконтактирајте нѐ на тел.070772688. Пријавувањето трае до 04.04.2020!
Драги пријатели,Со задоволство сакаме да ви соопштиме дека имаме потреба од проширување на тимот во нашиот хотел на…
Публикувахте от Хотел Неда Галичник в Сряда, 4 март 2020 г.