Ѓорѓи Спасов: Милошоски отворен како “пупка”
,,Правдата за Антонио е мисловна именка. Ја користеше својата пратеничка функција да го спречи донесувањето на Законот за Јавно обвиителство.
Го слушнавме сите како порачува и видовме како се случува по негова наредба лустрација и отстранување од работа на судија во родното му Кичево. Обвинет е од СЈО во предметот “моќник” за влијание врз судството во заштита на криминални интереси.
Го слушнавме како бара од судии на Врховен суд и од претседателот на тој суд познат како Јово Превара, да се укине пресуда за која знае дека ако остане на сила “неговите од Кичево” ќе треба на човекот да му платат 30 илјади евра.
И тој “вечен” пратеник на ДПМНЕ и министер за надворешни работи, кој на телефон со Мијалков и со Груевски го слушавме како нуди зад грбот на јавноста дилови за промена на името, сега ни изигрува борец за правда и голем патриот.
Гневен што го фатиле “со спуштени гаќи” наместо да се засрами и да се повлече од политиката за секогаш, тој се заканува со објавување на нови нелегално прислушувани разговори за Заев.
Така тој ќе се борел и изборел за правда. Отворен веќе како “пупка” , ама навикнат на неказнивост за ширење лажни вести, и поседување нелегално прислушувани разговори ,Антонио “информира” дека Заев сигурно не ги предал сите “бомби” добиени од УБК кои ги снимал Мијалков, а не сака ниту да помисли дека први и многу пред тоа сите тие бомби биле и можеби се се уште се во сопственост на Груевски и Мијалков кои во моментов ја кројат листата на идни пратеници во неговата партија.
Секој граѓанин денес кој е незадоволен од правдата нека помисли само каква правда посакува и каква правда може да им донесе Антонио и неговите истомисленици.
И тие што треба да одлучуваат за тоа дали тој ќе биде одново на листите за пратеник нека размислат дали се борат за таква правда на “татиниот син од Кичево”
Ако мислат дека тој е праведникот тогаш веднаш нека започнат со кампања под слоганот ” И јас сум Милошоски”.
Ако не сакаат да се соочат со вистината и него го сметаат за свој предводник во борбата за правда тогаш можеби вистинските борци за правда ќе излезат со пароли на кои ќе пишува: “Сите вие сте Милошоски.”