Горан ,,Сакам да кажам”: До кога ќe се занимаваме со измислиците на ВМРО – абе еднаш барем да покажеа коректност

0

Новинарот Горан Михајловски во колумна за порталот СДК, меѓу другото вели: ,,Ова што ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за здравство Венко Филипче во екот на кризата со коронавирусот, не е затоа што тие се глупави. Уште помалку и дека не знаат оти оставка не може да даде, бидејќи нема Собрание што ќе му ја прифати. И нема Собрание што ќе избере нов министер.

Ова е само продолжение на нивната тактика да се прави бучава, да се збори за нив, да се шутне во матно, да си го губиме времето со нивните измислици. А бе, еднаш да покажеа коректност? Макар и во криза. Еднаш, за нешто да се приклучеа во битката за општо добро наместо да си го гледаат интересот на неколкумина од раководството на чело со бегалецот во Будимпешта?

Ама – тие се. Од кого да очекуваш да помогне, кога и од информативните флаери за заразата, изготвени од уметници-волонтери, ја украдоа креативата и ги преправија во флаери против Заев? Од такви – ни помош ќе ти дадат, ни граѓанска свест ќе покажат.

Па и тоа што сега дел од јавноста го фали министерот Филипче и начинот како се однесува во време на криза, е одраз на едно генерално изместување на сфаќањето како треба да се однесува државен функционер. Паѓаме во несвест дека некој јавен службеник добро си ја врши работата за која го плаќаме. Нешто што треба да е нормално.

Ама, ние од таа нормалност одамна сме се откажале. Па не сме пиеле сите вода од Дојранското Езеро пред камери за да докажеме дека не е загадено, и како последица сме заборавиле како беше до пред само три-четири години. Се сеќавате ли кога правникот Никола Тодоров им покажуваше на хирурзите како да оперираат?

Ќе шеташе сега со маска по клиники, ко што ги ловеше сестрите на спиење на дежурство и ќе се пушташе по сите телевизии. А Груевски ќе стоеше пред Инфективната клиника и ќе ги броеше пациентите, ко што ги броеше камионите во Стајковци. И на мобилен телефон ќе се јавуваше да дава наредби за купување апарати за дишење.

Е токму поради тоа 11-годишно понижување на сѐ што е стручно, тој игнорантски однос кон тие што знаат, оној презир од типот „којзнае што ве учеле на тие комуњарските факултети“ , сега се чудиме дека некој лекар специјалист, што во моментов е министер, се меша во својата работа од областа на здравството.”

Целата колумна на Горан Михајловски прочитајте ја на сдк.мк

Претходна статијаВладата бара од Претседателот Пендаровски и припадници на армијата да се вклучат во справувањето со кризата
Следна статијаСе огласи Министерот Венко Филипче и сподели со јавноста добри вести