Статус на Бранко Героски:
,,Во прилог на предлогот на Мицкоски, да потсетам – државата во Данска ќе субвенционира 75 отсто од платите во стопанството, во замена за потпис на работодавците дека нема да има отпуштања. Добро, државата Македонија не е државата Данска, но сепак…
И уште нешто. Мислам дека не е добар пристапот да се поддржуваат само „погодените“ стопански субјекти и дејности. Стопанството е меѓузависно и веќе денес нема непогодени.
Иако мерките како оваа што ја предлага Мицкоски изгледа премногу радикална и навидум неостварлива, јас ви тврдам дека за многу брзо време за ова сериозно ќе се размислува, бидејќи животот и проблемите тоа ќе го наметнат.
Ви тврдам како што ви тврдев дека треба да запре наставата, кога не беше запрена… Ви тврдам како што ви тврдев дека мора да се затворат границите кога не беа затворени.
Ви тврдам кога ви тврдев дека мора да се прогласи вонредна состојба кога не беше прогласена.
Ништо од ова не значи дека јас сум паметен, а некој друг е глупав. Дека јас сум експерт за се и сешто, а некој друг е лаик. Ма не. Јас само читам како другите земји се справуваат со кризата и ви кажувам дека истите мерки, порано или подоцна, ќе се применуваат и кај нас.
Еве, ви кажувам дека многу брзо Владата ќе мора да го ограничи движењето (да воведе полициски час) и да го ограничи собирањето на граѓаните во мали групи и на отворено. Грција го стори тоа и не дозволува собирање на повеќе од 10 луѓе на отворено, а камоли во затворено.
Но, да не должам – секој предлог треба да се проследи со должно внимание и така да покажеме разум и единство.”