Филипче предмалку информираше за нови заразени, бројката се искачи на 76

0

Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76, напиша министерот за здравство Венко Филипче.

Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.

Единствен начин да се стави крај на ширењето на КОВИД-19 е самоизолација, односно карантинот. Во оваа битка учествуваме сите. Секој мора да помогне.

Имаме доволен број на респираторни машини. Статистиката вели дека околу 5% од заболените имат потреба од респираторни машини. Тоа значи на 1000 заболени, околу 50 би биле на респиратор. Ние во моментов имаме 120 на располагање. Се очекува наскоро да се потврди донацијата од 200 репиратори од Кина, вели Филипче.

Претходна статијаНaшите соседи се подготвуваат – во Бугарија спортка сала претворена во импровизирана болница
Следна статијаСпасовски сподели одлична вест за заглавените Македонци ширум Европа