Доктор Нико од Токсико открива како пациенти лажат дека биле во контакт со заболени

0

Познатиот доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, на својот профил на социјалните мрежи објави информација дека некои граѓани се однесуваат апсолутно неодговорно во овие сериозни времиња.

Имено, за да прикријат симптоми, односно за да маскираат температура, што би укажало дека биле во контакт со заболени од Корона, тие пред да дојдат на клиниката, пиеле парацетамоли.

Еве што пишува д-р Беќароски:

,,Овие денови БОЛНИЦИТЕ и КЛИНИКИТЕ МОРА да бидат празни и спремни за пикот на пандемијата кој ќе уследи за 2-4 недели.

НО, голем број на граѓани, глумејќи ИТАР ПЕЈО или НАСТРАДИН ОЏА, доаѓаат во здравствените установи, со претходно испиен ПАРАЦЕТАМОЛ, за да ја намалат фебрилноста и упорно криејќи дека биле во контакт со луѓе вратени од ризичните земји.

Ги доведувате во опасност Вашите најблиски, ПОСЕБНО ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ, БАБИ, ДЕДОВЦИ.

Ги доведувате во опасност здравствените работници, кои овие денови, се на првата бирбена линија. И “белиот мантил” заболува од Корона, а сега мора да се здрави 100%. Ги доведувате во опасност сите со кои ќе стапите во контакт.

Примерот со брачниот пар во Дебар и лажната епидемиолошка анкета, која ја дадоа, нека Ви биде најдобар пример. Лагата во овој случај трае само две недели, а последиците се далекусежни.

Дали ќе имате трошка совест, ако поради Вашата ујдурма згасне нечиј живот, пишува доктор Нико Беќароски на својот профил.

Претходна статијаНе може секој да направи тест за Корона – Во Швајцарија исто како во Италија почна да се прави селекција
Следна статијаГорјан од Скопје: Денес слетав од Холандија и сакам да направам споредба со ситуацијата таму и тука