Дали смеат да ве отпуштат од работа во вонредна состојба – одговорот го дава Адвокат Николче Митевски

0

Веќе е јасно дека Корона нема да има само здравствени импликации врз врз светската популација, туку и економски. Како резултат на мерките кои ги превземаат властите во целиот свет, многумина останаа без работните места.

Па така, во Америка на пример, се затвораат моловите, рестораните, баровите. Вчера Претседателот Трамп изјави дека сериозно се размислува да се помогнат граѓаните кои ја изгубиле работата, со директни финансиски средства кои ќе им ги исплати државата, за да можат нормално да функционираат до завршувањето на кризата.

Во нашата држава, се чини дека засега нема план за конкретно справување со економските последици од кризата. Економски експерти најавија дека владата би можела да пренамени 50 милиони евра од буџетот, за справување со последиците, но аналитичарите предупредуваат дека бизнисот губи по 70 до 80 милиони евра месечно.

Изминатите денови во јавноста се пренесоа информации дека почнале отпуштања во текстилната индустрија. Затворени се угостителските и културните објекти. Сериозен удар трпат и вработените во транспортниот сектор.

Многумина се плашат дека ќе останат без своите работни места, бидејќи никој не знае до кога ќе потрае ваквата ситуација. Газдите на кафеаните конкретно, бараат од државата да ги ослободи од некои давачки, како на пример да не плаќаат надоместок за терасите, но и државата да им ги покрие трошоците за придонеси на вработените, бидејќи реално, тие во овој период не остваруваат приход.

Галама одлучи да побара совет од експерт во оваа област, правник кој меѓудругото се занимава и со случаи од работните односи, околу тоа, дали работодавците имаат право да им врачат отказ на вработените, при едни вакви услови.

Еве го одговорот од адвокатот Николче Митевски:

,,Со оглед на тоа дека во државава немаме конкретен закон за вонредна состојба, ако работодавачот го откажува договорот за вработување остануваат да важат законите, кои што се применуваат во нормални, секојдневни услови.

Во случај на откажување на договорот за вработување, работодавачот е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот, да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот и истите да ги наведе во образложението”, вели адвокатот Николче Митевски.

Претходна статијаД-р Несторовиќ и премиерката Брнабиќ: Утре ќе биде најкритичниот ден во Србија
Следна статијаЗаглавен Македонец во Швајцарија открива со што се соочил откако се обидел да тргне кон дома