Ситуацијата со Корона вирусот во светот се движи како на филмска лента. Работите се менуваат од час во час, со огромна брзина.
Денес Германија ги затвори границите на својата земја кон соседите и со тоа практично за момент го прекрши шенген системот за слободно, безпасошко поминување на границите.
Нашиот северен сосед, Република Србија денес прогласи вонредна состојба и исто така ги затвори границите. Во моментов многу патници, меѓу кои и Македонци се заглавени на дрпските граници. Не ги пуштаат да влезат и истранзитираат низ Србија, за да се вратат дома.
Во свое гостување на Алфа телевизија, професорот на скопскиот медицински факултет и епидемиолог, Драган Даниловски, се осврна на моменталната ситуација во нашата држава и кажа свои размислувања што треба да се направи за епидемијата да стивне.
,,Наместо затворањето на училиштата и факултетите да вроди со плод (да ги редуцира меѓусебните контакти), проблемот веројатно стана уште поголем. Затоа што тие веднаш ги наполнија кафулињата и дискотеките… И се создадоа услови за воспоствување на безброј ланци на инфекции… инфекции невидливи, а сепак присутни…чијшто број расте експоненцијално… како снежна лавина.
Така настанува епидемиско ширење, кое сè повеќе се интензивира. Ние тоа го нарекуваме епидемиска амплификација.”, вели Даниловски.
-Потенцијални сејачи се и сите други граѓани кои се наоѓаат во периодот на инкубација или се асимптоматски случаи, а кои исто така немаат чувство на одговорност и совест (се разбира, не сите!), воопшто не обѕирнувајќи се на мерките пропишани од Владата.
Кафеаните преполни, во продавниците игла нема кај да фрлиш, луѓе рашетани по светот, тераат туризам, раскомотени по седенки, журки, чајанки по дома… небаре ќе биде крај на светот!
Затоа, вели Даниловски, треба да се делува ра дикално. Како што направија Кинезите. Подитно треба да се забранат, ама буквално да се забранат сите социјални дружби на граѓаните, но не само социјални, туку и професионални и секакви други.
Со тоа, можеби ќе успееме да го намалиме факторот на преносливост од сегашниот потенцијал 3, на испод 1. Значи предлагам на државата, државата да направи се што е во нејзините ингеренции, дури и со непопуларни мерки, средновековни мерки, кои на времето се покажале ефикасни, а и сега кинезите ги применија истите, за да се заштити населението, вели Даниловски.