Еден од најпознатите Македонски и Европски епидемиолози, поранешниот министер за здравство во владата на Република Македонија Проф. д-р Драган Данилопвски, денес во гостување на ТВ 24 се задржа на неколку моменти околу борбата со Корона вирусот.
Тој повторно апелираше на поголема свесност од страна на граѓаните, но и порестриктивни мерки од страна на државата,
-Доколку гледаме дека мерките не ги даваат потребните резултати, мораме да ги заостриме, рече Даниловски.
,,Ова е војна луѓе. Мораме да сфатиме дека ние ја живееме третата светска војна и така да се однесуваме. Со тоа што, непријателот е невидлив, уште полошо сценарио”, рече Даниловски.
-Доколку го гледаш непријателот, можеш да се сокриеш, на некаков начин да се заштитиш, ова е полошо, бидејќи непријателот е невидлив, а сите сме изложени на него, подвлече Даниловски.
Тој се осврна уште еднаш на однесувањето на Италијаните, кои дури и денес кога им умираат стотици луѓе на ден, си тераат по старо и повика да земеме пример од Италија и да бидеме поодговорни, сите ние.