Д-р Даниловски: Доколку не ги слушаме препораките, за две недели нè чека италијанско сценарио

0

Нашиот најпознат епидемиолог, професорот д-р Драган Даниловски, веќе десетина денови ја предупредува јавноста што сè може да се случи доколку не се почитуваат препораките. Тој на социјалните мрежи од некои корисници беше дури и нападнат, бидејќи наводно шири страв.

Но, се покажува дека не е така, односно дека досега сè што кажа Даниловски, се исполнува. Впрочем, многу е подобро народот да ја гледа вистинската слика и дури и од страв да ги почитува препораките, отколку да се лаже дека е се во ред, а не е.

Ова се најновите предвидувања на д-р Даниловски кои ги соопшти денес:

,,QUŌ VĀDIS, МАКЕДОНИЈО! На првиот дијаграм е нашата актуелна ситуација со бројот на болни. На вториот е ситуацијата во Италија.

Црвената стрелка ја покажува точката на експоненцијалната крива на растот на бројот на болни, на која (се разбира грубо) се наоѓаме во овој момент (последниве 2-3 дена).

И за лаик е видливо дека од врвот на кривата не` делат околу две недели… Се разбира, ако преземените мерки не вродат со плод…

Дали е сега јасно зошто експоненцијалната крива мораме да је исечеме, пред да почне стрмо да се качува???

Р.Ѕ. Штотуку разбрав дека оние околу 200 наши луѓе што беа заглавени на граница меѓу Србија и Унгарија, ќе бидат изолирани на Криволак! Одличен потег!

Линкот подолу нуди извонредно значајна потврда дека младите, кои кога ќе се инфицираат, по правило се асимптоматски или имаат благи симптоми, се ГЛАВНИОТ АМПЛИФИКАТОР (ЗАСИЛУВАЧ) на епидемиското ширење на вирусот САРС-КоВ-2!

Ако затворањето на јавните локали, во кои тие се собираат, се констатира дека не вродува со плод, ако младите и понатаму наоѓаат начини да се дружат и со тоа невидливо го сеат вирусот, државата МОРА тоа да го спречи, со сите средства на принуда! И по цена на воведување драконски мерки! Кои ПРИНУДНО ќе ги држат луѓето дома!

За вирусот да го прекине својот поход! Или барем да му се забави напредувањето…

И сосема е небитно како ќе се наречат тие драконски мерки – вонредна, кризна состојба… каква и да е! И сосема небитно е со кој параграф ќе ги поткрепиме… и дали воопшто сме имале или не закон за тоа…

Во спротивно, неизбежно ќе не` снајде италијанско сценарио! Не постои друг начин Македонија е под инвазија! Апо кали пса се заканува… Иднината ни е во прашање Искрено се надевам дека не е предоцна… Му благодарам на Игор Војноски за линкот. https://www.facebook.com/jiggymkd/posts/10157197169233857

Претходна статијаРасте бројката на лица со Ковид: Двајца доктори и две медицински сестри од Дебар на листата
Следна статијаСе огласи новинарот што го праша Филипче за реновирање: Ајде да ви нацртам, фала ви тролчиња