Апасиев му се истури на Богоески: Со сељаци зборам сељачки (ВИДЕО)

0

Синоќа во ,,Само вистина”, гости беа лидерот на ,,Левица” Димитар Апасиев и поранешниот висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа исклучен од партијата Петар Богојески.

Богојески истакна дека сега ќе побара замрзнување на членството во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи планира да излезе со листа на следните избори со движењето ,,Македонски концепт”.

Апасиев го обвини Богојески дека е човек кој се пали на копче од страна на Американците, но и дека тој е веќе употребен политичар, бидејќи бил потребен само за туркање на Преспанскиот договор.

На ова Богојески му врати на Апасиев дека е приврзок на ВМРО-ДПМНЕ и играч на Руска амбасада. Исто така дека бил на платен список на СЈО, односно дека кокетира и со едните и со другите, по потреба.

Апасиев му напомена на Петар Богојески дека секогаш бил четврти ешалон во ВМРО-ДПМНЕ и дека никогаш нема од него да биде политичар. Тој исто така го повика неколку пати Богојески да каже дали ќе биде на листа.

-Ти во време на Никола Груевски си сменил пет работни места. Ти немаш никаков интегритет да зборуваш за режим. Како тоа кога си менувал работни места во време на Груевски молчеше и гласот го крена кога ВМРО почна да паѓа. Како тоа и со кои пари успеа да го купиш ,,Шула Мина” во Крушево, прашуваше Апасиев.

На ова Богојески видно се изнервира и го обвини Апасиев дека не личи на професор така да се однесува во дебата, на толку ниско ниво, на што Апасиев му одговори:

,,Со сељаци, сељачки разговорам, со интелектуалци интелектуално.”

Дебатата продолжи во меѓусебни навреди какви оваа емисија не памети.

Претходна статија“До пеколот и назад”: Како го преживеав коронавирусот од почеток до крајот
Следна статијаСекоја вечер пред спиење земете чаша во рака: Текст кој ќе стане ваш прирачник за совладување на стресот