Зоран Заев: Нема шанси, граѓаните нема да дозволат политичари со ,,лепливи прсти” да се доберат до власт

0

Зоран Заев: Христијан Мицкоски е стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ. Најрасипничката партија со милионски долгови не може и нема да ја води државата!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски јавно призна дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најазадолжена политичка партија, со долг од околу 8 милиони евра!

ВМРО-ДПМНЕ сами си признаа дека се најнедомаќинска и најрасипничка партија во Северна Македонија!

ВМРО-ДПМНЕ призна дека има милионски долгови и дека Христијан Мицкоски е стечаен управник, извршител на Никола Груевски – осуден криминалец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој ја задолжи земјава со милијарди евра, а неговата партија со милиони евра!

Замислете, што би се случило кога овие недомаќини, Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?!

Ако својата партија ја задолжиле со 8 милиони евра, што би се случило со државниот буџет? Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти, каков што беше „Скопје 2014“, за кој тврдеа дека ќе чини 80 милиони евра, а потрошија речиси 700 милиони евра?

Ако секој член од нивната партија го задолжиле со стотици евра, со колку илјадници евра би го задолжиле секој граѓанин на нашата држава ако повторно се доберат до државната каса?

Со николку, граѓаните нема да им дозволат да допрат до државниот буџет! Политичарите недомаќини со лепливи прсти губат на избори!

Да потсетиме, бруто надворешниот долг на државава од 2006 до 2017 (прв квартал) порасна од околу 2,5 милијарди евра, на околу 7,7 милијарди евра, или за повеќе од 5 милијарди евра!

Почитувани граѓанки и граѓани, по признанието дека ВМРО-ДПМНЕ должи околу 8 милиони евра, Христијан Мицкоски ѝ должи на јавноста одговори на многу прашања:
Кога и кој ги направил тие милионски долгови на ВМРО-ДПМНЕ и дали тие пари се потрошени на луксузните лустери, скап мебел, персиски теписи, дисплејот од речиси 100.000 евра и уметничките слики од неколку стотици илјади евра?

Колку банкарски сметки поседува ВМРО-ДПМНЕ и дали позајмените 8 милиони евра воопшто легнале на сметките на ВМРО-ДПМНЕ?

Колкава е вредноста на луксузната палата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со земјиштето под неа и луксузните предмети во неа и на сиот замрзнат имот ширум државата, кој го стекнаа за време на нивното криминално владеење?

Граѓаните на 12 април ќе го казнат стечајниот управник Христијан Мицкоски, извршителот на Груевски, кои ја задолжија земјава со милијарди евра, а нивната партија со милиони евра, потрошени на барок и луксуз.

Извор: ФБ профил на Зоран Заев

Претходна статијаСе огласи Вице Заев, братот на Зоран Заев: Oва се измислици и конструкции – демантирам јавно
Следна статијаКако во време на комунизмот – доктор ќе одлучува кој смее да добие патна исправа за излез од државата