По информациите во јавноста дека денес е изолиран прв случај на Корона вирус, денес на прес конференција во владата на СРМ, министерот Венко Филипче го потврди случајот и објави дека и официјално ова е прв случај на вирусот кај нас.
Министерот Филипче информираше дека заболената е дојдена од Италија и била веќе две недели болна. Во Италија била во болница на лекување, но не и бил направен тест за Корона вирусот.
Таа била дојдена со комбе и министерот Филипче смирува дека веднаш по пристигнувањето во државата била транспортирана на клиниката за Инфектологија. Сите што патувале со неа, исто така се подложени на испитувања.
Министерот Филипче исто така апелираше до фирмите чии вработени изминатиов период патувале во странство, особено во Италија, да не ги примаат на работа.
Координаторот Жарко Караџовски изјави дека населението моѓже да биде мирно, дека властите владеат со сотојбата и дека се превземени сите потребни мерки за заштита. СЗО, извести Караџоски дека забранува трансфер на лица и стоки. Така да не може да се забрани транспорт на луѓе.
Се обрати и премиерот Спасовски. Ве уверувам дека нема простор за паника, рече тој. Сите мерки се превземаат по одредени протоколи кои ги применувавме и пред да имаме заболен.
Апелирам до граѓаните да се придржуваат до инструкциите на Министерството за здравство, кое ги има превземено сите мерки. Ние на овој случај му пристапивме рано и целосно сме подготвени, истакна Премиерот Спасовски.
Немојте да се потпирате на информациите на социјалните мрежи, туку само на официјалните информации од институциите, истакна Спасовски.