Васко Ефтов открива кој ќе биде идниот лидер на ВМРО доколку Мицкоски не успее да стане Премиер

0

Новинарот Васко Ефтов во неговата последна емисија, прави анализа на однесувањето на опозицијата и власта во последниот месец, пред распуштањето на парламентот вчера, односно од создавањето на техничката влада.

Тој се задржува на две жени од опозицискиот блок, Гордана Силјановска Давкова и Рашела Мизрахи.

Силјановска беше кандидат на опозицијата за последните претседателски избори и беше поразена од актуелниот Претседател Стево Пендаровски.

Ефтов анализира дека за СДСМ, Силјановска претставувала голема опасност, бидејќи таа алудирала на лево ориентираните гласачи и успеала да откине дел од стандардниот електорат кој гласа за СДСМ.

Според Васко Ефтов, ова што во последниот месец како технички министер за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи беше најспомнуваниот политичар во јавноста не е случајно.

Прво, Мизрахи им одгавара на владеачките партии, бидејќи таа застапува тврдокорни ставови околу името и ја продолжува матрицата на Никола Груевски.

Тука Ефтов прави анализа која е Рашела Мизрахи и како дојде таа да биде технички министер во преодна влада.

Како главна алка во спојот на Рашела Мизрахи со актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Ефтов ги споменува нејзините роднини Виктор и Лилјана Мизрахи, мајката на Рашела.

Имено, Лилјана Мизрахи била на чело на еврејската заедница во Македонија, во периодот кога се правела денационализизација на еврејските имоти во Македонија, а во време на владеење на Никола Груевски.

Исто така, Ефтов споменува и израелска фирма која соработувала со тогашниот моќник во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков.

Понатаму Васко Ефтов ги анализира состојбите во ВМРО-ДПМНЕ, односно своевидниот расчекор помеѓу актуелното раководство и членството на партијата. Од една страна членството кое е со силен национален набој, а од друга раководството, за кое се смета дека е во конекција со ,,калето”.

Според Ефтов, раководството на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја турка политиката на Мизрахи, за да се доближи до своето членство, а со тоа ги бетонира своите позиции за ,,бркање” на исклучиво десните гласови на следните избори, за разлика од претседателските, кога со кандидатот Гордана Силјановска Давкова, се обидоа да дојдат до гласови од левицата и неопределените.

Васко Ефтов ја поентира оваа своја анализа со предвидување, дека при евентуален неуспех на Христијан Мицкоски на следните предвремени парламентарни избори, неговото место на лидерската позиција во партијата би можела да го завземе токму Рашела Мизрахи.

Погледнете го видеото и анализата на Васко Ефтов:

Петар П. Фото: Фејсбук и јутјуб принтскрин

Претходна статијаПаралела помеѓу трошoците за живот помеѓу Германија и Македонија: Kаде е поефитно
Следна статијаЕлизабета сопругата на Пендаровски во нова мисија – ,,Таа лета со сопствени крилја“