Со свој став околу новонастанатата ситуација со корона вирусот се огласи и актерот Сашо Тасевски. Тој направи компарација како е во Кина, како е кај нас, но и како се постапувало во поранешна Југославија во 1972 година кога се појавила ,,Вариола Вера”:
,,Она што загрижува најмногу не е корона вирусот, туку оној став на власта и здравствениот систем: Лако ќе мо ми то! А ваму, објективно, две нацртани овци да ви дадат ќе ви избегаат.
Не може бре да ти доаѓаат луѓе од заразени подрачја, а вие да ги пуштате во државава само со проверка на пасошот и гаќите во куферот. Не може. Малоумни ли сте?
Кина изгради цела болница за неколку месеци од две или три милијарди долари, ангажираше два милиони луѓе околу карантините и внатре, што војска што полиција, лекари, сестри и други. Знаете дека го стр елаат секој што ќе се обиде да го напушти карантинот без дозвола? Го стр елаат.
Вариола Вера епидемијата во 1972 кога дошла во Југославија, читнете каков бил карантинот. Пиле не смеело да прелета. Војска и милиција вриело.
Вие дома ги пуштате без проверка. Карантин јок. Нас ќе не одмине стопосто. Каква корона. Лажни вести.
Се е овде лоша импровизација, ако воопшто ја има. Ние сме говеда без мозок што само се препуштаат на судбината. Инфантилни луѓе на чело на инфантилна држава. Затоа тонеме. Не корона, вошки ќе не изедат кај и да е.”