По информациите дека дал оставка, пред малку на својот профил се огласи Чулев

0

Статус на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев:

,,Веројатно денешната прес конференција на која открив незаконски постапки во кои грубо се кршел законот за јавни набавки, како и претходната прес конференција на која зборував за злоупотреби поврзани со набавката на пасоши и други лични документи, како и актуелните криминалистички истраги за други случаи е причина за паниката на Оливер Спасовски, па тој тргна во злоупотреба на министерството за внатрешни работи во партиски цели и објавување на спинувани информации во медимите.

Денешниот случај во кој официјалната веб страна на министерството за внатрешни работи е злоупотребена за објавување на партиски соопштенија напишани од страна на СДСМ прво говори за паниката во која тие се наоѓаат, а потоа е уште еден аргумент на моите тврдења дека наместо професионализација, Оливер направи груба партизација на Министерството за внатрешни работи, односно постави луѓе кои слепо му веруваат и ги почитуваат партиските директиви дадени од негова страна. Ваквите постапки не покажуваат ништо друго, туку говорат дека СДСМ е во паника од понатамошно објавување и споделување на сите криминали.

Попладневно, низ медиумите беа објавени низа шпекулации и невистини поврзани со наводна моја оставка во техничката влада.

Во оваа прилика сакам да му порачам на Оливер Спасовски, на партиските структури во МВР кои се поставени од него и на криминалните структури кои СДСМ ги поддржува, дека воопшто не размислувам за поднесување оставка. Напротив, до последниот ден ќе останам во техничката влада и цврсто ќе се борам против сите остатоци од неговото лошо владење во државата и криминалот и бескомпромисно ќе се залагам за чист изборен процес.

Граѓаните треба бидат сигурни дека нема да потклекнам пред притисоците и заканите од СДСМ и криминалните групи и борбата против криминалот ќе продолжи со несмален интензитет, а за секое постапување во Министерството за внатрешни работи кое е спротивно на законите и законските процедури ќе следи соодветна дисциплинска постапка.”, напиша Чулев.

Претходно во текот на денот, тој исто така на својот профил на социјалните мрежи, информираше за состојбата со личните документи:

,,Фактите кои денес ги презентирав говорат за две работи:

-првата е апсолутната негрижата на Оливер Спасовски за стандардот и опремата на полициските службеници, а втората за сериозни прекршувања на процедурите и нови индиции за злоупотреба на службената положба, овој пат повторно во постапки поврзани со јавни набавки во Министерството за внатрешни работи.

Согласно со ова ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди e доставен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за што по добивање на дополнителни насоки од ОЈО ќе бидат превземени содветни мерки.”

Прес конференција, Набавка на полициски чизми (18.02.2020г.)

Фактите кои денес ги презентирав говорат за две работи: – првата е апсолутната негрижата на Оливер Спасовски за стандардот и опремата на полициските службеници, а втората за сериозни прекршувања на процедурите и нови индиции за злоупотреба на службената положба, овој пат повторно во постапки поврзани со јавни набавки во Министерството за внатрешни работи. Согласно со ова ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди e доставен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за што по добивање на дополнителни насоки од ОЈО ќе бидат превземени содветни мерки.

Публикувахте от Наќе Чулев в Вторник, 18 февруари 2020 г.

Претходна статија(ВИДЕО) Помогнал на жена која останала без бензин, а потоа таа му обезбедила еден куп пари
Следна статија„Работам како за двајца, а не заработувам ни како за еден, немам добиено покачувување во последните три години“