Најчевска го направи пуздер Маневски: Овој закон се носи за таквите како тебе

0

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска во денешната дебата на ТВ 24 директно го обвини поранешниот министер за правда Михајло Маневски, дека го „закопал“ правото во Македонија односно дека во времето кога тој бил министер се местеле судии, судството станало корумпирано исто како и полицијата.

Најчевска додава дека предлог законот за Јавно обвинителство мора да се донесе токму поради тоа, екс функционерите да можат да одговараат за делата.

-Маневски го уби и го закопа правото во Македонија. Ова е закон кој треба да го реанимира мртвото право со кое се справуваме во Македонија. Проблемот е зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да дозволи негово донесување.

Така прават затоа што треба да се гонат и казнуваат луѓе кои биле на функција, како господинот Маневски. Тие се недопирливите, тие можат да корумпираат, лажат, мамат, без да одговараат. Сега треба да се донесе таков закон. Моравме да донесеме Специјално јавно обвинителство зошто ни умрело правото.

Вие ја украдовте државата и ја создадовте оваа ситуација. После вашето владеење дојдоа и направија истражувања кои покажуваат дека не останало ниту П од правото, дека судството ни е корумпирано, дека полцијата е корумпирана, нинистерството е корумпирано, сте местеле судии и слично, му се обрати Најчевска на Маневски.

Таа додава дека ексминистерот има јак мотив да се спротистави на донесувањето на законот за ЈО бидејќи со тоа, како што кажа, може да се заштити од одговорност и криминалите кои ги правел Маневски и останатите функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

На овие обвинувања, ексминистерот Маневски изјави дека истите се паушални и неаргументирани.

-Во мое време се донесени 101 закон во областа на судството и решени голем број предмети. СЈО е најголема грешка во Македонија, еве што се случи со тоа обвинителство и каде се обвинителите, рече Маневски.

Извор: Либертас

Претходна статијаЖители на Струга останаа и без плата и без пензија – причините бизарни
Следна статијаМиленко: Јас сум израснат со Американска музика, култура, аута – да, јас сум Американофил