Најчевска бара помош – им требаат итно изјави заверени на нотар

0

Мирјана Најчевска: ,,Немаме доволно потпишани и заверени на нотар изјави за да може да ја регистрираме партијата.

Голем дел од помалите партии кои сега постојат се сателити на поголемите и нивни продолжени пипци кои создаваат илузија на полипартијство.

Ние не прифаќаме поддршка од ниту една од големите партии, не сакаме да се поврзиме со големиот бизнис, не купуваме поддржувачи и не даваме празни ветувања.

Мислиме дека може да направиме промена и покрај сите законски и практични ограничувања кои ги поставуваат големите партии. Мислиме дека можеме да внесеме една друга димензија во политичкото делување. И мислиме дека може политички да се делува без сендвичи, без големи собиранки, без водачи качени на бел коњ, бел функционери кои политиката ја разбираат како начин на манифестирање моќ над граѓаните.

Некои велат дека сме утописти, некои дека сме хипи партија, а јас мислам дека сме она што би требало една партија да биде – збир на луѓе кои се грижат за јавното добро.

Ако сакате да не поддржите сега е моментот. До петок треба да имаме 1000 изјави заверени кај нотар. Не се доволни лајкови, ни скриени симпатии.

Изјава може да се завери кај било кој нотар или, ако ви е позгодно на следните адреси. Нотари во Скопје:

Кристина Костовска (кај Тренд во центар), Нада Палиќ (меѓу Веро Џамбо и Феријален, Пролет), Наташа Пејкова (ул. Манапо бр. 3, кај Сити Мол).

Лидија Симонова Трајчева – Штип, Митко Милков – Кавадарци, Снежана Ѓорѓевска – Тетово (плоштад), Биљана Дамјановска -Битола, Елизабета Стојановска – Прилеп, Владимир Иванов – Кочани.

Гордана Десковска – Охрид (Македонски просветители), Филип Трифуновски – Гостивар (Браќа Гиновци), Анета Цветановска – Куманово (Опанчарски сокак)

Ако имате какви било прашања или ви требаат дополнителни информации, ве молиме не двоумете се да не контактирате на +389 74 230 525.

Претходна статијаЈанушев откри дали Елизабета Канчевска – Милеска се враќа назад во ВМРО – ДПМНЕ
Следна статијаНа Германија и се потребни работници – од први март уште пошироко ги отвора вратите