Како во време на комунизмот – доктор ќе одлучува кој смее да добие патна исправа за излез од државата

0

Делува како нереална ситуација за 21 век, но вистина е. Не може било кој да дојде до патна исправа за да ја напушти државата. Ова што денес, во 2020 година се случува во нашата држава, се случувало само во државите со силен комунистички режим, пред педесет и повеќе години.

А целата ситуација е поради немарност на раководните луѓе, кои не обезбедиле навреме обрасци за лични документи.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кажа дека формирал комисија, во која ќе има вклучено е доктор, која ќе одлучува кои граѓаните ќе имаат приоритет за издавање пасоши.

Тој ги повика граѓаните да поднесат ургентни барања за издавање пасош до подрачните единици на МВР, а комисијата ќе ги разгледа следниот ден и приоритет ќе имаат граѓаните со итни медицински потреби.

Зборувајќи пред Основното јавно обвинителство, Чулев рече дека состојбата со недостиг на обрасци за пасоши ќе се нормализира за неколку недели, а пратката од 100.000 обрасци, која што треба да пристигне на 24 март, се надева дека ќе стигне порано за десетина дена.

„Ние веќе имаме направено стратегија и план. Ќе се работи во продолжени смени, ќе се работи и во недела, така што мислам дека за краток период ќе биде надминат тој проблем со пасошите“, изјави Чулев, одговарајќи на новинарско прашање.

Вчера, Чулев кажа дека до следната нарачка се останати 3.700 обрасци за пасоши, а има поднесено околу 16.500 барања по редовна постапка и 650 по итна постапка.

Сите обвинувања се насочени кон актуелниот технички министер во МВР Чулев, но за волја на вистината граѓаните уште на почетокот на оваа година се жалеа дека не им се издаваат лични карти, со образложение дека немало ,,пластики”.

Тогаш, министерот Чулев сеуште не беше седнал на фотељата, што значи дека и неговиот претходник сноси вина за оваа ситуација.

Претходна статијаЗоран Заев: Нема шанси, граѓаните нема да дозволат политичари со ,,лепливи прсти” да се доберат до власт
Следна статијаКој е Мајк Блумберг – противкандидатот на Трамп на изборите оваа година