Еве што одговори Костадин на прашање од новинар дали СДСМ соработува со ВМРО-ДПМНЕ

0

Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Извршителу Мицкоски, кога ќе те фатат како препишуваш, се паѓа на испитот. Мицкоски падна на испитот, може да се пријави за 4 години, ако се уште остане претседател на криминалната ВМРО-ДПМНЕ после поразот на 12 април.

Почитувани граѓани, Денеска видовме како извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски, ја препишува, ја копира програмата на СДСМ за инфраструктурата. Нема идеја, нема програма, фокусиран на одбрана на криминалот на Груевски, извршителот Мицкоски копира од СДСМ.

Па згора на се на прес- конференција реди проекти кои веќе се во реализација, влезени во програмата на Јавното претпријате за патишта. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата нереформирана, заробена партија од Никола Груевски.

Граѓаните знаат, за 11 години криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ се изградија вкупно 10 километри автопат! Јавноста многу добро памети дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ парите од Буџетот се трошеа на барок, споменици и палми наместо на автопати, водоводи и канализации.

Секој проект беше криминалем, со коруптивни зделки и скандали, со проценти, како што чувме од разговорите на Јанакиески и Груевски во стилот „да не се претераме“. На започнатиот дел од автопатот Миладиновци-Штип затекнавме бандери на сред пат, немаше предвидено клучки ниту приклучоци за делницата на автопатот до Охрид.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во само 2.5 години мандат, изгради и рехабилитираше 750 километри патишта, го заврши автопатот Миладиновци-Штип и ги разреши сите недостатоци. Откочена е и изградбата на автопатот до Охрид, каде се поправија исто сите грешки и дупки во проектот.

Нема пат во земјава којшто не е обновен или веќе во фаза на обнова. За само 2,5 години изградивме 400 километри канализации и водоводи. Со еден збор, ВМРО-ДПМНЕ 11 години крадеше пари од граѓаните, СДСМ гради патишта, водоводи, канализации, се што е потребно за граѓаните.

Затоа следи одговорност за украдените пари и нов пораз од граѓаните на 12 април! Режим никогаш повеќе!

Одговор на новинарски прашања на Костадин Костадинов:

П: Вчера Талат Џафери рече дека обвинувањата спрема него дека им служат на ВМРО-ДПМНЕ затоа што не беше иземен имунитетот на Трајко Вељановски и Крсто Муковски излегле од СДСМ, дали вие ги поттикнувавте овие обвинувања кон Талат Џафери и дали и вие соработувавте со ВМРО-ДПМНЕ?

Ставот на СДСМ секогаш го кажува претседателот на партијата Зоран Заев. До овој момент нема нешто такво кажано од страна на Зоран Заев, а секако ние како партија повикуваме на одговорност за секој кој се огрешил пред законите.

Практично таква беше и ситуацијата со Законот за Јавно обвинитлество со кој му помагаме на судството и обвинителството да постапи по предметите на СЈО, обезбедивме и континуитет во постапките, и ветивме дека за секој коишто ќе се докаже во транспарентна постапка базирани на докази дека го прекршил законот ќе си одговара согласно законите во Република Северна Македонија

П: Заев вчера најави 1, 2, 3 и 6 изборна единица ќе има кандидати албанци дали ова значи дека има договор со БЕСА и ДПА и дали имаат понуди двете партии?

Во однос на коалицијата има просотор уште и се разговара, кога ќе биде донесен конечен став околу пред изборни коалиции секако ќе бидете запознаени. Сепак тоа не мора да се врзува само доколку имаме коалиција со албанска партија тогаш евентуално би имале и кандидати на нашите листи.

СДСМ е партија на сите граѓани, не е националистичка партија, ние сме отворени. СДСМ има потпретседател Албанец имаме и други функционери низ институциите и СДСМ е спремна и пратично е реализатор на концептот на едно општество за сите, а тоа е богатството на СДСМ и како таква ќе остане.

П: Има ли некоја понуда од двете партии?

Не би шпекулирал пред време ќе дојде ред кога ќе се разговара во рамки на телата и органите на партијата и вие ќе бидете навремено запознаени.

П: Дали се почнати внатре партиски процедури за носители на изборните листи и за кандидатиските листи за пратеници?

Процедурата околу кандидирање и евидентирање на идните кандидати за пратеници секако дека е отпочната. СДСМ дава можност секако на базата од последната клетка на партиското функционирање, а тоа се Месните одбори да предлагаат нивни кандидати од местата од кадешто тие се наоѓаат и како отворена партија даваме можност за сите кои ги препознаваат политиките на СДСМ по пат на самокандидирање да поднесат кандидатури во партијата.

Околу носителите на листи секако ќе очекуваме кога ќе дојде ред на Конгресот на СДСМ кој е највисок орган на одлучување на партијата да бидете запознаени, пред тоа би било неблагодарно и непринципиелно од една одговорна партија да шпелулира со било какви информации.

П: Кога ќе биде Конгресот?

Очекуваме да биде од 8 до 12 март.

Претходна статија(ВИДЕО) Рама ги подбра младите кои пиеја кафе во кафуле: Што седите тука, ајде фатете се за работа
Следна статијаВеќе нема потреба за иселување: Германците отвараат фабрики во Македонија и вработуваат млади лица