Ахахахаха – Најчевска се исмева на протестот на ВМРО и вели дека е доста од исфрустрирани индивидуи

0

Статус на Мирјана Најчевска:

,,Ахахахаха. Ма добро бре сите политички партии сакаат да бидат невладини организации? Не знаат што да прават па маршираат?

Или само дигаат прашина за да не се види дека всушност не ни сакаат никаква промена која на било кој начин може да ја загрози неказнивоста на секој оној кој ќе дојде на власт.

Правдата не се обезбедува со маршеви на политичките партии туку со ветинг во правосудството, со независно судство и јавно обвинителство, со моќни контролни механизми кои не се заробени од политичките партии и со повисоки казни за функционерите.

Правдата се обезбедува со закони кои го штитат јавниот интереси и индивидуалните права на граѓаните, а не со закони кои треба да обезбедат овековекување на владеењето на партиските челници.

Доста бре од исфрустрирани индивидуи кои сакаат да бидат водачи на бели коњи кои маршираат на чело на колоната, дајте нормални луѓе кои со својата секојдневна работа ќе обезбедат развој на заедницата и излез од стапицата на авторитарноста.”

Во друг свој статус Најчевска констатира дека тешко ќе се регистрира нејзината партија ,,Твоја”, бидејќи недостасувале потписи, но е среќна што запознала многу прекрасни луѓе:

,,Не знам дали ќе успееме да ја регистрираме Твоја партија на време за овие избори. Има големи шанси и потребна е уште поддршка со изјави.

Меѓутоа можам да кажам дека во овој период запознав голем број прекрасни луѓе полни со енергија и спремни да понудат нешто ново и поинакво на политичката сцена на Македонија.

Некако убаво му станува на човек кога ќе види дека има простор за делување и за фактички промени.”

Претходна статијаВучиќ: Многу се лажат оние кои сонуваат дека нас можат да ни ,,подвикнат”
Следна статијаСе гасат сите домашни и странски ТВ канали во Македонија: Познато што ќе може само да се гледа