Подобро одете си сами отколку јас да ве избркам била првата реченица со која градоначалникот на Лозово Ацо Велковски ги пречекал дел од вработените на првиот негов работен ден во 2017та.
Оттогаш почнуваат мобингот и казните со кои секојдневно се соочува Снежана Цветковска, која веќе 11 години во општината работи како хигиеничарка и кафекуварка. Нејзината прва дисциплинска постапка и била јасен знак дека тортурата допрва почнува. Снежана прво била казнета зошто ги мие чашите и шољите во општинската кујна, за потоа да биде опомената зошто не се измиени.
За тортурата која ја трпат вработените во Лозово од општинското раководство сведочи и ова известување со кое сите тие имаат забрана да користат приватни телефони во текот на работното време. Но Снежана вели дека нејзиниот работен ден е многу полош.
– Вработените имаат забрана да комуницираат со мене, немам столче, греење, имам забрана за телефон.., вели Цветковска.
И покрај усните закани на градоначалникот Велковски воопшто да не се труди да го пријави бидејќи ниту полицијата ниту судот не му можат ништо, сепак Снежана вели се обидела правдата да ја истера преку судот, каде и лично се уверила во тврдењата на Велковски.
-Не можев да се помирам секој месец да бидам казнувана па решив да се обидам преку судска постапка. Личено го видов градоначалникот како им се заканува на вработените и ги тера да лажат, вели таа.
Целиот текст и видеото проследете ги на sitel.com.mk