Секторот за внатрешни работи Струмица- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кри вична пријава против полициски службеник АБ (47) од Струмица, порад постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, по член 353 од Кривичниот Законик.
На 6 ноември годинава, во времето кога пријавениот требало да ги извршува работните обврски на работното место, односно во времето од 15:45 до 16:00 часот бил во спортска обложувалница во Валандово, приложувајќи добитен тикет за исплата.
Но од страна на вработената во обложувалницата согласно Законот за игри на среќа и забавните игри, од пријавениот бил побаран документ за идентификација за да добитниот тикет биде исплатен, по што пријавениот одбил да се легитимира, заканувајќи и се по животот, на дрзок начин обраќајки и се со висок тон, ја присилил да изврши исплата на добитниот тикет, спротивно на правилата на обложувалницата.
Пријавениот изреволтиран од барањето на вработената да се идентификува злоупотребувајќи ја, односно искористувајки ја својата службена положба во два наврати извадил службена легитимација, притоа заканувајќи се дека така лесно нема да поминат ниту вработените ниту кладилницата.
Случајот е пријавен во СВР-Струмица, по целосно документирање на настанот е поднесена кривична пријава.
На 2 декември пријавениот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ предвидено во Кривичниот Законик на начин што при разминување на скалите во внатрешноста од зградата на СВР Струмица, без претходно да биде предизвикан, почнал да му се заканува вербално по животот и телото на помошник началникот на Одделение за полиција и во еден момент го удрил во пределот на градите.
По целосно расчистување и документирање на настанот СВР-Струмица поднесе кривична пријава.
Извор: Република