Викендов среќен за овие хороскопски знаци, еден знак ќе се израдува на финансиски прилив

0

Овен

Овој викенд среќата ќе биде на ваша страна и дури ќе ви донесе пари. Тоа е потсетник повторно да изберете најсреќните броеви. Како некоја таинствена сила ќе ве води и покажува правилни чекори што малку ќе ве плаши и тера да се запрашате дали навистина заслужувате слична чест.

Да, заслужувате – сега ќе сте среќници од Зодијакот! Покрај тоа, овие денови ќе ви дадат шанса да ресетирате некои повредени односи. Јавете им се на свои роднини и блиски. Организирајте семејно собирање во саботата.

Бик

Викендот ќе ви помине вообичаено, беа големи планови и случувања. Скршнете од својот пат и разговарајте со личности надвор од вашиот друштвен круг. Тие ќе ви откријат гледишта кои досега не ви паднале на ум. Споделете со партнерот проблем во врската за кој е неопходно брзо решение. Отвореноста ќе резултира со компромис.

Близнаци

Ова е време за јасни ставови и доколку работата им ја препуштате на колегите, можете да имате несогледливи последици. Финансиите ви се добри, и единствено на што треба да внимавате се неконтролираните трошоци. Ситуацијата во партнерските односи е хаотична и треба да ја употребите интуицијата за да го предвидите следниот чекор на партнерот. Доколку сте сами, мислите ви се насочени кон личност која, од одредени причини, не е покрај вас.

Рак

Овој викенд ве очекува поголем трошок. Бидете внимателни затоа што без разлика на заработувачката, трошоците се се поголеми. Доколку сте во брак или во подолга врска, обидете се добро да ги скриете тајните што ги имате. Може да се случи партнерот да открие нешто што ќе создаде напнатост помеѓу вас. Ако сте слободни, внимавајте со кого стапувате во контакт.

Лав

Добро е аспектирано астролошкото поле на вашата личност и вие правите многубројни планови како деловни така и приватни. Можна е некаква вест од странство. Сметајте на некој Бик, Рак или Јарец бидејќи само тие можат да ви бидат десна рака во работата. Викендот е одличен за излегување и средби на јавни места.

Девица

Викендот е одлично време да направите генералка во својот емотивен живот. Партнерските односи кои до сега ве оптоваруваа ќе морате да ги средите доколку сакате да имате мир во душата. Разговорот со партнерот ќе ви донесе одговор на многу прашања што ги вртите низ главата.

Вага

Имате за што да размислувате и со кој да работите но немате доволно елан и како да чекате некаков поттик од некој кој е поискусен или повозрасен. Сакате да имате личност на која можете да се потпрете во секој поглед. Побарајте некој Стрелец, Овен или Близнаци, тие ќе ви помогнат.

Шкорпија

Викендот ќе ви биде исполнет со емоции и со размислувања за некои минати денови. Доколку сте во подолга врска и веќе подолго време се сомневате во неа, времето пред вас ќе покаже дека сте го направиле вистинскиот избор. Можно е денес да и простите на една личност која ве наговара да ја прекинете врската.

Стрелец

Незадоволството од досегашната работа ве води во правец за кој сметате дека е најдобар за вас. Единствен проблем ви претставува финансискиот ризик којшто треба да го преземете. Доколку сте слободни, чувствувате јака потреба за стабилна врска. Но, сите оние што ги среќавате воопшто не одговараат на сликата која ја замислувате.

Јарец

Време е да ја надминете посесивноста во односите со партнерот. Доколку си дадете повеќе слобода, повеќе ќе можете да уживате во заемното дружење. Доколку сте слободни, обрнете повеќе внимание на излегувањето и авантурите, отколку на анализирањето на пријателите и на нивното однесување.

Водолија

Викендов е можен помал финансиски прилив којшто ќе ви амортизира дел од трошоците. Доколку сакате ситуацијата да остане под ваша контрола, оградете се од семејството и нивните потреби. Партнерот помалку почнува да се оддалечува од вас и се повеќе да и се посветува на работата. Од вас зависи дали ќе му се придружите или ќе почнете да приговарате.

Риби

Ве загрижуваат финансиите. Најдобро е да продолжите со досегашното темпо и да не ја трошите заштедата. Доколку сте слободни, никако не повлекувајте се во себе и не осамувајте се. Пријателите и дружењето се најдобар лек за љубовните проблеми. Не им дозволувајте на емоциите да ве надвладеат.

Претходна статијаМојот дечко сака да го оставам синот од првиот брак, се мислам дали да го послушам
Следна статијаРаста искрено за Ана Николиќ: Тоа што се пишува во медиумите е толку многу дегутантно и без аргументи