Терезијата блеска, додека Девицата реди љубовни успеси!
На кои хороскопски знаци ѕвездите ќе им донесат љубовен успех во втората половина на февруари 2019 година, а кого го очекуваат дилеми и недоразбирања?
Овен
Ќе прифатите нешто што не ви е баш по волја, а тоа е знак на зрелост и трпение. Ќе бидете тивки и дискретни. Потоа, целосно ќе ве прифати и другата страна, па ќе сфатите што всушност значи да се биде сакан.
Бик
Вашата врска добро ќе напредува, но не трошете премногу зборови, бидејќи не се исклучени и вербалните недоразбирања. Со партнерот ќе претставувате една целина, па затоа нема да ви требаат премногу зборови. Уживајте! Многумина конечно ќе се помират со своето минато, но и ќе се соочат со вистината што долго време ја одбегнувале.
Близнаци
На вашето забавување како да му нема крај. Луѓето, околностите и настаните ви одат од рака и постојано ви создаваат прилика за дружење. Вашиот начин на изјавување љубов малку ќе ја измори другата страна, па обидете се да бидете потивки и помалку напорни.
Рак
Ќе ви биде добро, ако внимавате на секој ваш збор и не ги сфаќате приговорите на партнерот сериозно. Едноставно опростете му се и фокусирајте се на она што е добро меѓу вас. Така и двајцата ќе бидете среќни.
Лав
Многумина ќе обноват тајно познанство или ќе бидат во искушение да воспостават нешто слично. Внимавајте до каде ќе одите. Некои ќе помислат дека се на прагот од конечното решение, но ќе се покаже дека уште треба да се поработи на тој однос.
Девица
Вашиот љубовен живот ќе се развива добро под услов да не зборувате по секоја цена. И покрај сите мали мистерии, ќе бидете полни со верба и оптимизам, па така и во љубовта. Другата страна добро ќе ве прифати.
Терезија
Постојано ќе им попуштате на туѓите додворувања, но и на сè останато. Поради ова, можно е партнерот да ви приговара. Одредете ја насоката во која ќе се развива вашата врска.
Скорпија
Вашето друштво и понатаму ќе ве обожава, па поголемиот дел од слободното време попрво ќе го минувате со пријателите одошто со партнерот. Поради тоа, партнерот би можел да почне да ви приговара. Најдете компромис.
Стрелец
Ако очекувате телефонски повик, веројатно и ќе го дочекате и тоа искрено ќе ве израдува. Ќе ви биде полесно. Покрај добрата забава, можно е и посериозно да се загледате во уште една личност. Стрелците во врска ќе бидат многу блиски.
Јарец
Ќе имате силно чувство на сигурност и доверба во саканата личност. Ќе ви се чини дека овој пат врската ќе може да потрае. Исто така, лесно ќе можете да објасните кај е проблемот и што ве мачи. Така уште повеќе ќе го подобрите меѓусебниот однос.
Водолија
Ќе бидете зафатени со еден член на вашето семејство, па партнерот на кратко ќе го оставите на страна. Штом ја решите семејната дилема, ќе се обидете да го надокнадите она што сте го пропуштиле со саканата личност.
Риби
Чувствата ќе ве обземаат како плима. Ќе сакате да ѝ се предадете на љубовта без никаква резерва. Тоа ќе ви биде возвратено. Истовремено ќе мора малку да се позанимавате со вашето семејство, а тоа ќе ве поттикне малку подобро да ја согледате вашата врска.