Ниедна друга не може да им конкурира: Овие дами во Зодијакот се најпредизвикувачки за мажите

0

Кога станува збор за вештините за заведување, на жените Овни никој не може да им конкурира.

Тие се родени лидери, а нивната хризма и динамичност со голема брзина го привлекуваат спротивниот пол.

Она што мажите посебно ги возбудува кај ив е нивната нескротлива енергија, при што секој нов ден го претвораат во нова и незаборавна авантура. Секако, тука е и нивната изразена страст и желба да го задоволат својот партнер и да му покажат што знаат. Жените Овни се многу оптимистични и борбени, па не сакаат партнери кои многу би доминирале, туку сакаат да пронајдат некој со кој се на иста бранова должина.

Ако сте се заљубиле во жена родена во хороскопскиот знак Овен и успевате да го следите нејзиното темо на живот, знајте дека до себе имате партнека која ќе се потруди секој ваш нов ден да го направи незаборавен и полн со спомени.

Кога се заљубува, жената Овен станува многу романтична, но и љубоморна. Таа не трпи лажење и измами.

Ах, жена Овен,

Со сета нејзина интелигенција и наметливо покажување смелост, оваа жена може да делува малку смотано кога станува збор за нејзината емотивна страна. Таа е роден флертувач и умее толку директно и отворено да разговара, што предизвикува сите околу неа да се зацрвенат. Таа може да не верува дека вие сте сериозни во врска со неа. Доколку не ѝ го кажете тоа јасно и гласно, таа може да си помисли дека сакате само да бидете слатки. Таа брзо ќе се вљуби во некој кој ќе биде способен да ја опсипе со романтики.

Кога ќе ја носите на рандеву, обидете се да ги направите тие моменти да се помнат вечно. Девојките родени во знакот овен, попрво ќе сакаат да ја поминат саботната вечер играјќи фудбал со своите другари, отколку да седат дома и да се досадуваат. Однесете ја на некое ново отворено место или на некој екстремен спорт. Таа навистина ќе ве цени доколку ѝ пружите добра авантура.

Исто така таа цени, доколку направите некој храбар потег. Само затоа што сте се осмелиле да ја поканите да излезете, не значи дека сте храбар. Доколку вашите обиди за флерт се добредојдени, но таа сѐ уште се однесува малку срамежливо, тогаш треба вашата игра да ја однесете на повисоко ниво. Големи се шансите да ѝ се допаѓате, но таа сè уште да се мисли што да прави со вас. Па може најдобро ќе биде да се обидете да ја бакнете. Бакнежот нека биде нежен и страстен од што ќе ѝ се стресат колената. Не грижете се доколку добиете шлаканица како одговор. Само насмевнете се и дадете ѝ комплимент за бакнежот.

Кога сте со вашата девојка со хороскопски знак овен, има неколку клучни моменти кои морате секогаш да ги имате на ум. Прво, задржете ја вашата природна самодоверба. Таа мора да знае дека вие сте заинтересиран и дека вредите за да ви го посвети нејзиното внимание.

Обидете се да го направите ова, без да личи дека се обидувате премногу да се докажете. Второ, покажете ја вашата смисла за хумор. За жените родени во знакот овен, многу е важно некој да успее да ги насмее. Таа цени добар хумор, сѐ додека не се преминат границите и доколку шегите не се на нејзина сметка.

Сексот со девојките родени во знакот овен е многу страстен. Надвор од спалната соба тие се многу доминантни, но кога станува збор за сексот, тогаш тие оваа улога му ја препуштаат на машкото. Вие треба да се приспособите на нејзината игра и да ги следите нејзините емоции и чувства. Многу често сака подив сексуален живот, иако понекогаш и малку нежност добро ѝ доаѓа. Девојките родени во знакот овен сакаат да се чувствуваат посакувано и привлечно. Колкава страст добиваат, толкава страст возвраќаат.

Сакате да ја задржите оваа жена во вашиот живот? Тоа ви е паметен чекор, бидејќи жената со хороскопски знак овен може да биде најдобриот партнер кој некогаш сте го имале. Повеќето луѓе од страна може да ви велат дека за да ја задржите покрај себе, ќе морате да ја предизвикувате. Но бидете внимателни, таа ќе се измори од вашите игри и ќе ве напушти. Запомнете дека вие не сте ѝ потребен на неа, туку таа треба да ве посакува.

Кога жена родена во знакот овен сака нешто, таа се бори за тоа и на крајот го добива. Таа е храбра, успешна и енергична и ќе создаде со вас живот, на кој секој ќе позавиди. Сѐ што таа очекува од вас е да ѝ покажете разбирање. Како претставничка на огнените знаци, таа е многу темпераментна, но многу лојална личност. Морате да сфатите дека таа е независна личност, но пријателите играат голема улога во нејзиниот живот. Таа е моќен лидер, кој е секогаш спремен за акција. Доколку еднаш успеете да ѝ го освоите срцето, ќе имате мир засекогаш.

Претходна статијаФОТО: Бесна жена си го продава невестинскиот фустан за да може да се разведе
Следна статијаДали Марина Туцаковиќ му ги прости 100 000 евра долг на Аца Лукас