Кога станува збор за вештините за заводување, жените родени во знакот на Овен никој не може да ги замени.
Припадничките на овој хороскопски знак се едни од најсамоуверените, најпривлечните и најискрените луѓе што некогаш ќе ги запознаете. Разговорите со нив се вистинско задоволство. Тие не само што се неверојатни храбри, друштвени и комуникативни, туку и поседуваат извонредна страст кон животот.
Овните се родени лидери, а нивната харизма и динамичност се главните карактеристики кои го привлекуваат спротивниот пол. Она што мажите особено ги возбудува кај нив е неописливата енергија поради која секој ден го претвораат во авантура.
Нормално, тие имаат и изразена страственост и желба да го задоволат партнерот за да му покажат што сè знаат. Жените Овни се многу оптимистични и борбени и не се стремат кон тоа да најдат партнер кој ќе доминира во врската, туку некој со кого би биле на исто рамниште.
Овните се многу независни. Тие успеваат да го одржат балансот помеѓу нивната работа и приватен живот. Со нив ќе си поминете супер само ако седите дома и не правите ништо, но тие се одлично друштво и ако сакате да излезете и да се забавувате во ноќните клубови. Не постои повпечатлива жена од онаа која зрачи со самодоверба.
Кога ќе се заљубат, стануваат многу романтични, а истовремено и љубоморни и не простуваат неверство и лажење. Ако ѝ стапнете на нервите, ќе исчезне од вашиот живот пред да стигнете да смислите оправдување поради што никогаш нема да ја заборавите.
Ако сте се заљубиле во жена Овен и успевате да го следите нејзиното темпо и интензивност, треба да знаете дека имате партнерка која ќе се потруди секој ден да ви го направи незаборавен.
Жените родени во знакот Овен можат да водат интелигентен разговор поврзан со политика, бизнис, уметност и освен тоа, секогаш паметат ситници за луѓето со кои комуницираат, така што не се изненадувајте ако знаат точно какво кафе пиете. Вистински таленти!
Никогаш нема да мора да погодувате што се врти во главата на жената Овен. Таа секогаш ќе ви кажува сѐ директно во лице. Најбрзо ќе го изгубите нивниот интерес ако ја игнорирате нивната силна волја и неоспорлива самодоверба.
Љубовта на Овенот е навистина неверојатна. Припадничките на овој хороскопски знак не можат да сакаат некого кого не го почитуваат. Доколку сте во врска со жена Овен, никогаш нема да мора да се сомневате во нејзините чувства.
Доколку сакате да напредувате во животот и ви треба некој кој ќе ве турка напред и истовремено ќе ве забавува, Овенот е вистинскиот избор за вас. Жената Овен не само што ќе биде тука за вас кога најмногу ќе ви треба, туку и ќе ви помогне да ја надминете секоја пречка и потешкотија со неверојатна леснотија.
Овните никогаш нема да прифатат врска од сожалување. Кај нив важи правилото: Сѐ или ништо. Доколку не сте спремни уште на почетокот да се посветите целосно во врската со нив, подобро не ја ни започнувајте, бидејќи Овенот нема да ги прифати вашите сомнежи и предомислувања.
8. Поседуваат и надворешна и внатрешна убавина
Покрај тоа што пленат со нивната надворешна убавина, жените Овни се вистински борци кои не дозволиле животните потешкотии да ги поразат и да ги спречат во остварувањето на нивната цел. Токму затоа и се носат толку гордо и непокорливо.
Доколку жената родена во овој знак не е заинтересирана за вас, веројатно никогаш нема ни да биде. Овните многу ретко се премислуваат, бидејќи многу добро знаат што им се допаѓа, а што не. Но, доколку сте го привлекле нивното внимание, уште веднаш ќе го дознаете тоа.