Во текот на изминатите децении, се објавени многу научни истражувања, кои зборуваат во прилог на влијанието на Месечината на човечкото однесување и против него. Истражувањата ги имаат анализирано зголемената активност на умот, зголемените посети на општите или психијатриските медицински установи и поплаки на луѓето за зачестените физички и психички проблеми.
Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) го истражи влијанието на Месечината врз човечкото однесување со употреба на истражувачки методи засновани на духовната наука. Одговорот од духовното истражување што го спроведовме за да го утврдиме влијанието на Месечината на човечкото однесување беше потврден – Месечината има влијание врз луѓето. Во продолжение се прикажани разни аспекти како Месечината влијае на нашите животи.
Од почетокот на човештвото, на месечната ѝ се препишувале најразлични магични својства. Луѓето верувале дека во зависност од видливоста на месечината, тие можеле да ослабат, да ја заборават старата љубов, да пронајдат нова или пак, да дојдат до повеќе пари. Што мислите вие, има ли вистина во овие верувања?
Најраспространетите народни верувања поврзани со магичната моќ на месечината
Месечев камен – Доколку ставите месечев камен под вашата перница, ноќта кога има полна месечина, вие ќе имате моќ да видите што ве чека во иднината.
Потомство – Се верува дека децата родени за време на полна месечина се многу здрави и силни, како и дека жените во овие ноќи се породуваат многу полесно и побрзо.
Избегнување караници – Во текот на полната месечина, избегнувајте ги сите несогласувања со соседите, бидејќи од тие караници би можеле да произлезат многу повеќе неволји од вообичаено.
Оздравување – Доколку сте болни немојте да гледате во полна месечина, бидејќи на тој начин ќе го забавите процесот на оздравување.
Пари – Доколку вашата финансиска состојба е во лоша состојба, за време на полната месечина излезете надвор и под нејзините зраци отворете го широко вашиот паричник и кажете 9 пати: „Наполни го“. Ова верување влече корени од времето кога луѓето верувале дека месечината е направена од сребро, па затоа и има моќ да привлекува пари.
Љубов – Во зависност од месечевите мени, се разликуваат и ритуалите за љубов. Интересен е фактот што античките, средновековните, како и современите жени применувале скоро идентични методи во одредени фази од лунарниот циклус. Еден од овие ритуали е и оној за невозвратена љубов, каде што ноќта на младата месечина тие ги фрлаат подароците и фотографиите од нивната љубов, со цел да ослободат место во своето срце за нова личност.
Полната месечина ќе има одлично влијание на нив и тие ќе успеат да постигнат и нешта за кои никогаш не мислеле дека е можно. Па, ако сте родени во еден од овие хороскопски знаци, уживајте, бидејќи ова е вашиот период!
Бик
Без разлика дали станува збор за љубов кон себе, заљубување во друга личност или пак, едноставно завршување на проект за којшто сте страсни – не се двоумете да се охрабрите да дадете сè од себе. Едно нешто е сигурно – вашите вибрации привлекуваат сè околу вас, па ако останете автентични, другите нешта ќе се средат самите од себе.
Рак
Покрај фактот дека сте огромен фан на сезоната на Рибите, што само по себе ви влијае на расположението, полната месечина во Девица ќе ја осветли вашата трета куќа на комуникацијата, технологијата и локалната заедница. Ова истовремено ќе биде и ослободувачки за вас, но и ќе ви влее доза сигурност. Па, фокусирајте се на вашиот најблизок круг пријатели и нештата брзо ќе ви се подобрат.
Јарец
Без разлика дали сте одлучиле да прифатите работа надвор од државата, да учите во странство или пак, да тргнете на егзотично питување, се надеваме дека ќе останете свесни за сите ваши успеси што ве доведоа до овој момент. Поминувавте низ тежок период, долго време, но оваа полна месечина е потсетник од небесата дека сепак постои светлина на крајот на тунелот.