Жените родени во овие хороскопски знаци се најубави во Зодијакот

0

Овен

Тие се со спортска градба и имаат изразени црти на лицето, што тешко можете да ги заборавите. Често ќе се најдете во прилика да запознаете маркантна црна убавица со темен тен и светли очи. Нивниот изглед е во согласност со силната и енергична личност која е карактеристична за овој знак, а нивната свиленкаста кожа ќе придонесе секој допир на оваа убавица засекогаш да остане врежан во вашето сеќавање.

Тие имаат фокусиран поглед, нескротлива коса, виоко изразено чело и помалку агресивен став. Главен дел на телото е главата, која чето е издолжена, а во пределот на очите поширока, додека пределот кај брадата најчесто е покус. Нејзин заштитен знак се истакнатите и густи веѓи. Вратот исто така им е издолжен, а рамената силни и широки. Тие најчесто се со средна висина и прилично мускулето тело. Очите им се кафени или сиви, а кожата со многу добра текстура.

Страствена, бунтовна, самоуверена, ентузијастична, одважна, забавна, но и тврдоглава. Бестрашна и со вродено лидерство во себе, родена за да биде на тронот. Оваа жена ги освојува сите околу неа со својата харизма и динамичност.

Жената родена во овој знак секогаш се радува на нови предизвици, па со душа и насмевка го дочекува секој ден, чекајќи што ќе и донесе тој. Сепак, поради својата нетрпеливост таа е склона кон нови предизвици постојано, и тоа многу повеќе од било кој друг знак.

Таа е непоколеблив оптимист и често се бори за правата на другите, но и генерално за подобра иднина. Знае да биде многу загреана за нешто и голема авантуристка е која постојано гледа напред, а многу ретко кон минатото. Како и сите, имаа одредени маани, а тоа кај неа е егоцентричноста, тврдоглавоста и љубомората.

Во љубовта, сака да преземе иницијатива и да ја заведе другата страна, а често сака и препирања бидејќи ги смета за одредена предигра. Мажите често се магнет за неа, бидејќи ја доживуваат како интригантна и интензивна, а самото нејзино освојување е голем предизвик.

Пријателствата со жената Овен често се интензивни и таа создава пријатели за цел живот. Склона е кон тоа да има широк круг на пријатели бидејќи постојано ги менува интересите и нејзиното темпо не може да биде следено од секого. Секое друштво кое има жена Овен во него има загарантирана возбуда и забава.

Лав

Тие се најчесто со силна, грациозна и спортска градба. Нема да потрошите многу време во потрагата по лавицата со извајани нозе, чијшто изглед и држење ќе ве остават без текст. Сакаат да се облекуваат модерно и да се дотеруваат, а понекогаш навистина уживаат во тоа. На лавиците може да им се припишат голем број таленти, но без лажна скромност, природната убавина и шармот никогаш не престануваат да ги импресионираат мажите.

Ако мислите дека тука станува збор за просечна убавина, тогаш сте се излажале. Нив лесно можете лесно да ги препознаете меѓу другите.

Великодушна, театрална, привлечна, страствена, тврдоглава, упорна, љубезна, лојална, чесна, темпераментна, горделива, полна со живот, родена лидерска…

Со овој хороскопски знак владее Сонцето, средиштето на Универзумот и во склад со тоа, Лавицата обожава да биде во центарот на вниманието и тоа секогаш и оди од рака. Кога е лута, најлесно ќе ја смират комплименти и подароци. Има силен дух и сака да победува, а благодарејќи на својата интелигенција, досетливост и креативност – нејзиниот живот е исполнет со многу победи.

Независна и со изразена индивидуалност, Лавицата бара партнер кој и самиот ги има овие карактеристики. Не и треба некој кој ќе се грижи за неа, туку маж кој е доволно сигурен во себе за да и дозволи таа да блесне со сиот свој сјај. Во врската сака секогаш да има многу забава и динамика – не поднесува рутина и постојано смислува начини како да промени нешто и да ги направи работите малку подраматични.

Во љубовта најдобро се сложува со Близнаци, Стрелец, Ваги и Овен.

Пријателство

Благодарејќи на својата топла личност, магичната енергија, ентузијзамот и полетноста, жената Лав ги привлекува луѓето околу себе, а нејзините пријателите неретко и се воодушевуваат. Великодушната Лавица сака да ги разгалува своите пријатели. Никогаш нема да изневери пријател и секогаш ќе биде покрај своите блиски и ќе им прости се освен предавство.

Густата и нескротлива коса како гривата на лавот, изразени црти на лицето, големи и топли очи, широко чело, напрчено носе и мали уши се физичките карактеристики по кои е препознатлива Лавицата. Највеќе се гордее со својата густа коса која најчесто е или руса или црвена.

Жената родена во овој хороскопски знак најчесто е висока и има долги нозе и елегантно држење. Секогаш делува уредно, горделиво и урамнотежено. Својот изглед сака да го украсува со накит и други модни додатоци, а ја сака и жолтата и портокаловата боја.

Сака да се истакнува во жолта и портокалова боја, но бојата која ќе ја катапултира во центарот на вниманието е златната боја, епитом на се што Лавицата сака и претставува: топлина, луксуз, театралност, посебност, воодушевување. Секогаш сака работите кои ги носи да се со најдобар квалитет, а кај нејзе не постои моден конформизам – таа сака да носи работи кои ги немаат другите.

Реткост е да ја видите сама во шопинг. Таа секогаш оди со пријателките кои не и се толку потребни за совет колку што сака да и даваат комплименти. Во кабината за пробување задоволно ќе се гледа во огледалото од сите страни, а пофалби за нејзиниот изглед и избор ќе доаѓаат од сите страни.

Скорпија

Дури и кога се слаби, Скорпиите речиси секогаш имаат силна градба. Добри нозе, широки рамења, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи… Ова е тоа што најчесто ги краси овие дами. Припадничките на овој знак најчесто имаат густа смеѓа коса, сакат да се дотеруваат и имаат доста истенчен вкус. Кога ќе решат да ве освојат, скорпиите че го сервираат нивниот отров така што со сласт ќе го испиете. Нивната убавина секогаш е надпросечна. Среќен е оној човек кого скорпијата ќе го засака искрено.

Стрелец

Дамите во знакот стрелец се најзгодни во целиот Зодијак. Тие најчесто се со просечна висина, спортска градба, а како да имаат природен талент да се истакнат. Често имаат убаво и помалку издолжено лице, високо чело и изразено светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но кога треба да се претстават во полн сјај, тоа ќе го направат на вистинскиот начин со одмерена доза и просветленост. Секогаш се оригинални во нивните настапи и мошне лесно ќе ви го привлечат вниманието.

Водолија

Водолиите често се со средна височина или ниски. Имаат преубаво заоблено лице и посветол тен. Обично имаат помали дланки и стопала, но убаво извајани нозе. Очите им се нежни, а погледот бистар и искрен. Имаат убави и меки крупни усни. Водолиите не даваат големо значење на облеката, тие знаат дека кога ќе застанат голи пред нивниот партнер, никој нема да размислува за облеката. Водолиите често се надарени со женски атрибути и го оставаат спротивниот пол без здив.

Претходна статијаМетеоролозите со ново предупредувње – подгответе се за поинитезивни врнежи од снег
Следна статијаБугарија веќе нема да продава патни исправи за оваа категорија странци