Метеоролозите со ново предупредувње – подгответе се за поинитезивни врнежи од снег

0

Повремено врнежи од дожд и од снег ќе има и на некои од пониските места особено на запад и на север од државава.

Локално врнежите ќе бидат поинтензивни и во текот на следниот период се очекува да наврнат над 40 л/м3 воден талог, ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет.

Врнежите од снег попладнево го отежнуваат сообраќајот на патиштата низ Македонија.

Од 16:25 часот на патот Гостивар – Маврово, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила – соопштуваат од АМСМ.

Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот превој Буково во 16.15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетување на коловозот брзината е ограничена на 40 km/h.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег, по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, и на планинските премини Буково и Ѓавато.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена на 50 – 100 метри, додека на Попова Шапка 50 метри.

Од четврток поради продор на постуден воздух од север ветерот ќе го промени правецот во северен и веќе од петок врнежи од снег ќе има и на повеќе пониски места со што има услови за формирање на снежна покривка.

Од петок максималните температури ќе опаѓаат и ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 во поток и веќе во сабота ќе биде уште постудено со максимални температури од -3 до 5 степени.

Претходна статијаМногу тешко би го препознале потполковникот Леон од „Далеку од дома“ во приватноста ФОТО
Следна статијаЖените родени во овие хороскопски знаци се најубави во Зодијакот