Жената родена во овој знак е најпозитивната личност во Зодијакот

0

Жената родена во знакот Близнаци е дама која освојува и плени со својот шарм. Нејзиниот шарм и харизма се секогаш изразени. Оваа жена е владетел на позитивната енергија и таа лесно може да им се допадне на луѓето околу неа.

Таа е фина и нежна, особено кога некому се претставува за прв пат.

Жената Близнаци е најпозитивната во хороскопот. Таа е најспособна да се прикаже во позитивно светло. На прв поглед, секогаш е мирна, ила драга и фина. Но, под нејзината површина, станува збор за жена која умешно може да координира со сите работи во неа, но и околу неа.

На оваа жена највеќе и одговара креативна работа, но и работа која е поврзана со луѓе, каде таа може да ја ги примени и другите свои способности. Вербално, таа се претставува одлично и покрај организациски, има и одлични комуникациски способности. Таа може да ви продаде лута пиперка и да ја заслади подобро од една чоколада.

Овие жени се многу свесни за своите способности, ги препознаваат од раната младост и потоа само ги надградуваат понатаму.

Кога станува збор за љубовта, тие се заводливи и сензуални и немаат проблем да се борат за оној кој го сакаат. Во емотивните врски, најдобро се сложуваат со мажи кои имаат слична енергија на нивната. Се трудат љубовта да биде вистинска бајка, која ќе ги исполни емоционално.

Овие жени се многу талентирани, а најголем талент поседуваат за музика и глума.

Оваа жена има две жени во себе. Некои би рекле дека станува збор за повеќе личности во една, но Близнаците се едноставно такви. Не можете за нив да речете дека се слаби, плашливи. Нема да ги најдете како се кријат, туку како се борат за тоа што го сакаат.

Паметни се и можат да дискутираат за различни теми – патувања, политика, религија и сл. Сепак, нивните мисли летаат со брзина на молња. Тие се духовити, итри и ги паметат дури и најситните детали. Сакаат да зборуваат, но не бесмислени работи.

Оваа жена многу добро се носи со животните предизвици. Таа може да се прилагоди на различни околности, а нејзиниот мирен и позитивен став ја прави пријател со многумина.

Оваа жена е енергична и возбудлива, но многу брзо ѝ здосадуваат работите. Таа постојано е во потрага по нешто ново и многу ја цени разновидноста. Таа најверојатно има повеќе интереси, но ниту еден од нив не ѝ го задржува вниманието подолго време. Нејзината ментална комплексност понекогаш е погрешно сфатена и поради тоа ја сметаат за дволична и плитка, но таа секогаш длабоко размислува. И покрај тоа што премногу размислува, нејзината негативна страна е што премалку чувствува. Но, како и секоја друга негативна особина и оваа има еден вид позитивна страна. Жената-близнаци никогаш не е премногу емоционална и покрај неа никогаш нема да се чувствувате како да ве „загушува“. Таа нема да се обидува да ве контролира и секогаш ќе ви дава многу слободен простор.

Во љубовта таа е шармантна и мудра, но истовремено и директна и флексибилна. Нејзиниот едноставен карактер многумина го сметаат за привлечен, но тоа не значи дека таа може да биде лесно заведена. Нејзината двојна природа е секогаш јасно видлива. Во еден момент може да биде расположена за буквално секој, но веќе во другиот момент таа сака да биде оставена на раат. За да ја заведете мора да размислувате надвор од вообичаеното. Размислете за целиот ваш пристап и прилагодете ги вашите способности и убедувања. Таа веднаш ќе забележи секаков вид несигурни или плитки обиди за да ја освоите. Доколку ве прочита, големи се шансите дека ќе се ви се изнасмее во лице за вашиот неуспех.

И покрај тоа што секогаш е расположена за игра, жената-близнак никогаш не игра со своето срце. Доколку сакате да ја заведете, фокусирајте се на нејзиниот интелект. Тој е нејзината основа; тоа е тоа што ја прави истовремено и силна и убава. Со стратегија за заведување која ќе биде базирана врз нејзиниот интелект, брзо ќе ѝ го придобиете вниманието. Таа по природа е многу зборлеста и пријателски настроена. Овие особини ѝ овозможуваат брзо да се вклучи во разговор со личности кои зборуваат на која било тема. Бидејќи жените-близнаци зборуваат брзо и размислуваат уште побрзо, вашиот прв разговор е клучен за понатамошниот развој на вашиот однос.

За време на вашиот прв разговор, бидете директни кон нејзиниот интелект, но истовремено бидете и малку дистанцирани и мистериозни кога зборувате за себе. Големи се шансите дека таа го прави истото и со вас. Понудете ѝ од себе онолку колку што таа ви нуди вас, скријте го тоа што и таа го крие. Таа обожава да игра „брканица“ или „жмурка“ со нејзините потенцијални додворувачи. Таа ќе си игра со вас онолку време колку што ѝ е потребно да открие дали навистина сте за неа. За да ја заинтересирате уште повеќе, направете ја вашата мистерија интересна и достапна. Неа ѝ е потребно да посака да ве запознае. Натерајте ја на тоа и веднаш ќе го добиете посакуваниот состанок.

Вашиот состанок не мора да биде претходно испланиран. Секако договорете се за време, но за местото може да се одлучи и непосредно пред состанокот. Како ви изгледа денот? Ако времето е добро одведете ја прво на прошетка низ паркот, а потоа направете планови за вечера. Ако времето е лошо, предложете ѝ филм и пица во домашна атмосфера. Бидејќи таа има импулсивен карактер, ќе ве цени доколку и вие сте такви, па ваквите ненадејни изненадувања од ваша страна, ќе направат да се чувствува сфатено. Исто така на овој состанок најдете повеќе начини да ѝ дадете комплименти. Жената-близнак обожава кога им се дава признание за малите нешта. Карактеристично интелигентните жени како неа, како и бикот и овенот пред неа, треба да бидат постојано потсетувани колку навистина се супер. Тие се презафатени со размислување и извршување на нивните планови, што немаат време да ги ценат своите способности.

Се сеќавате кога погоре спомнавме дека се надеваме дека сте еластични? Еве зашто… Жената-близнак сака сексот да биде каква што е нејзината личност – непредвидлив и моментален. Менувајте локации, пози, па дури и игри со различни улоги за да ја одржувате среќна и за да ја натерате да остане покрај вас. Едно нешто постојано имајте на ум – таа има одлична имагинација. Понекогаш таа дури и повеќе ужива во теоријата отколку во праксата. Но, сепак можете да стигнете многу далеку со неочекувана порака или со тивок коментар на нејзиното уво, кажувајќи ѝ колку сакате нешто да ѝ направите. Деталното споделување на мислата, дека сакате да ја потпрете на ѕидот и да си го направите своето со неа, ќе ви донесе многу позитивни поени кај оваа девојка.

Многумина велат дека жената-близнак не е верна. Всушност таа ќе биде верна сè додека нејзиниот партнер ги следи нејзините променливи интереси. За да ја задржите вашата жена-близнак, ќе ви бидат потребни неколку трикови сокриени во ракавот. Да, ќе мора да ги следите нејзините променливи интереси, но кога станува збор за вас – никогаш не откривајте ѝ сѐ одеднаш, дозволете ѝ полека самата да открива. Дозволете ѝ да ја открие и вашата душа. Таа обожава загатки и сака кога ги открива сама. Ова ѝ дава можност да научи нешто ново за вас и истото да го сподели со вас. Исто како и за време на заведувањето, секогаш обидувајте се да ја одржите вашата врска на интелектуална основа.

Како едни од најфлексибилните и најсексуалните знаци во астрологијата, трпеливоста и промисленото заведување на жена-близнак, на крај целосно ќе ви исплати. Покрај вас ќе имате жена која е слободна и која се грижи. Таа секогаш брзо знае да направи шега од лоша ситуација, но подоцна знае и како да ја поправи. Оваа жена е фасцинантна и располага со разновидно знаење. Таа е едноставна како дождот, но истовремено и комплицирана како лавиринт. Таа ќе ви го „раздрма“ животот на позитивно, а вашиот дел под појасот никогаш нема да биде мирен во нејзина близина. Жената-близнак ќе ви го направи животот многу интересен и по некое време ќе почнете да се чудите како сте се снаоѓале пред неа. И ако успеете да ја следите, таа ќе ве однесе на неверојатна авантура.

Претходна статијаСнег вее вечерва во Македонија – овие патни правци се затворени за сообраќај
Следна статијаМетеоролозите предупредуваат: Ситуацијата е алармантна – пристигнува нов арктички бран на Балканот