Вистински полн погодок ќе биде викендов за овие знаци – Викенд хороскоп

0

Овен

Не реагирајте непромислено и не дозволувајте вашите соработници да ве вовлечат во трачеви. Засега, се наоѓате во улога на набљудувач. Можете да планирате нови проекти, а од ден на ден се повеќе се сложуваат коцките кои вам ви одговараат. Средете ги сите административни работи, а до крајот на викенот ве очекува непланирана финанска добивка.

Бик

Oвој викенд би можело да дојде до одредена промена во вашиот дом. Тоа е позитивно иако на вас ви се чини дека вие
сте оптеретени со се што се случува. Некој би можел да се всели или исели. Веројатно би требало да направите некакво преуредување за се да биде како што треба. Намалете ја нервозата.

Близнаци

Што и да правите, најдобро ќе го правите ако има до вас и некој друг. Споделете дел од обврските со друга личност и побрзо ќе се ослободите од товарот. Време е да заборавите на калоричната храна во која уживавте за време на празничниот период и да го наполните фрижидерот со здрава и свежа храна. Потрудете се да ги воочите слабостите и да ги контролирате.

Рак

Овие два дена се среќни за вас и за оние кои ве познаваат. Речиси се што ќе почнете, успешно ќе завршувате. Внимавајте, некои злобни луѓе кои ви завидуваат да не ви го украдат она кое вам ви припаѓа. Бидете сигурни во она што навистина го имате. Внимавајте на финансиите, премногу непланирано трошите.

Лав

Може да одлучите да и се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат. На крајот од викендот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски ќе имате многу време за работите кои ве интересираат вас.

Девица

Колку и да се надевате и да посакувате нешто да се случи, постои голема веројатност дека ќе се случи нешто сосема друго. Викендов помалку планирајте за да не се разочарувате ако работите не испаднат онака како што сакате. Покажете флексибилност и способност за прилагодување кон новонастанатите ситуации.

Вага

Ќе се насочите во различни правци, а личната слобода ќе ви биде главна визија, додека зборовите би можеле да бидат вашето најсилно оружје. Не грижете се, прифатете ги работите онакви какви што се и почнете да усвојувате нови навики. Размислувајте на креативен начин. Немате многу среќа со тоа што се случува на финансиски план, затоа задоволете се со тоа што го имате.

Скорпија

Ќе ви се зголеми желбата за патување и во следните месец дена ќе ја користите секоја можност за бегство од вашето место на живеење. Значително ќе ви се подобри расположението и ќе бидете како зрак светлина каде и да се појавите. Прифаќајте ги поканите за забави и свечености, движете се на места каде што има многу луѓе и не го избегнувајте склучувањето на нови познанства. Новите контакти ќе ви го збогатат животот со незаборавни доживувања.

Стрелец

Внимавајте на пријателствата. Исто така и на партнерот кој е избезумен од вашето однесување. Се наоѓате пред важно патување поради кое се чувствувате добро. Потрудете се повеќе да бидете во друштво на пријателите. Бидете внимателни, бидејќи претерувате кога ќе почувствувате дека имате повеќе пари.

Јарец

Уметнички сте ориентирани. Потрудете се да се докажете во работата. Оние кои не преземаат ништо најдобро е да внимаваат што зборуваат. Почнете да размислувате за промена на професијата. Најдобро од се е тоа што сте свесни за своите способности. Викендов искористете го максимално за одмор.

Водолија

Избегнувајте расправии, бидејќи нешто може да тргне во погрешен правец. Работете го само она што ве мотивира. Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.

Риби

Ќе бидете експерти за хармонична комуникација и убедување. Никој нема да може да ви каже „не“, па искористете го тоа најдобро што можете. Ќе бидете „душата“ на друштвото и во следните четири недели ниту една забава нема да биде комплетна без вашето присуство.

Претходна статијаСе огласи и директорот на Гранд Саша Поповиќ: После се Карлеуша ќе излезе како победник
Следна статијаБидете многу внимателни – Голомразица предизвика сообраќајна несреќа вечерва во Македонија