Ако вашата новогодишна одлука е во 2019. конечно да пронајдете партнер, шансите за тоа може да ви ги зголеми и хороскопскиот знак.
На полето на љубов ѕвездите оваа година посебно ќе им бидат наклонети на некои од вас.
Ова се петте хороскопски знаци на кои астролозите им предвидуваат љубовна среќа во 2019. година:
Близнаци
Ѕвездите во 2019. посебно им се наклонети на Близнаците на кои годината им носи и многу прилики за љубов. Важно е само да се избере онаа вистинската.
Овен
Љубопитни и секогаш подготвени за акција, Овните оваа година ќе бидат подготвени да се впуштат и во една љубовна авантура. Во 2019. ќе ги следи среќа на љубовен план па би можеле да ја пронајдат и вистинската љубов.
Лав
И на лицата родени во знакот на Лав 2019. година ќе им биде исполнета со романси и авантури па и шансите за вистинската љубов им се многу поголеми.
Стрелец
На Стрелците комплименти ќе им доаѓаат од сите страни што поволно ќе влијае на нивната самодоверба, а ќе можат да изберат и дали сакаат да скокаат од една во друга авантура или конечно ќе се смират со саканата личност.
Водолија
Добра љубовна година ги очекува и слободните, но и зафатените Водолии. Зголемениот сексуален нагон во 2019. е нешто што сигурно ќе ги развесели Водолиите кои се во врска (како и нивните партнери), но и’ ќе ги натера оние кои се сами активно да се „фрлат“ во потрага по партнер (ка).