Јапонскиот хороскоп Кигаку е оригинална астролошка дисциплина, со потекло од древна Кина, а целосно е развиена во соседната Јпонија. Како што велат јапонските астролози, цел свет е поделен на девет сфери – девет хороскопски знаци, кои се обележани со броеви од 1 до 9.
Лицата родени во поедини знакови, на основа на годината на раѓање, се наоѓаат во добри или лоши односи, зависно од местото кое го заземаат во таканаречениот круг на судбината. Астролошката година почнува од 3. февруари, а сите оние кои се родени во една година меѓу 1. јануари и 3. февруари се сметаат дека се родени во претходната година.
Претстојната година нема да биде стабилна, во тоа се сложуваат јапонските астролози. Ќе се менуваат добри и лоши вести, еден дел од планетата еконмски ќе напредува, каде Кина, Индија и Русија, а додека Западот ќе го потресат извесни кризи.
На приватен план воопшто, ќе недостасува искреност меѓу луѓето, така што многу често ќе се менуваат, односно ќе ја мешаат осаменоста со среќата, оптимизмот со депресијата.
За оваа нестабилна година, јапонските астролози имаат една препорака, која важи за сите знаци, а гласи – направете своја оаза. Смислата на оваа порака е дека пред нас е многу немирна, бурна година, до вистински мир и хармонија нема да дојде во ниту еден дел од светот, а покрај просперитетите кои ги бележат одредени земји, светото го чекаат многу други работи.
Затоа немојте да бидете неподготвени, создадете место во кое ќе бидете безбедни и каде ќе бидете среќни, без оглед дали е тоа вашиот дом, фирма или викендица.
Во годината пред нас лоши правци за сите знакови се југозапад, југоисток и североисток. Затоа не патувајте во тие правци, не започнувајте никакви бизниси, ниту приватни активности со поединци на тие страни од светот, не купувајте недвижнини и не барајте животен партнер од тие делови.