Ако сте сингл, или пак, се сомневате во вашата врска, тогаш обидете се да се пронајдете во следнава листа – ако го здогледате вашиот хороскопски знак, ќе имате многу среќа на љубовен план. Конечно ќе дознаете што сакате, и како да го добиете истото. Па, дали и вие сте едни од оние знаци што ги очекува голема љубов во текот на зимата?
Бик – За време на јануари и февруари, среќата ќе игра клучна улога во вашиот љубовен живот. Луѓето што ќе ги запознавате ќе ви подигнуваат моралот и редовно ќе ве потсетуваат на вашите креативни ресурси во животот. Токму затоа и ова ќе биде одлично време за да видите колку можете да го раширите вашето срце. Колку повеќе време одвојувате за нештата што ве лекуваат и што ви помагаат во личниот раст и развој, толку подобро ќе ви биде во текот на зимската сезона, особено во срцето.
Рак – Бидејќи 2018 година започна со полна месечина во вашиот знак, вие постојано влегувате во неочекувани патувања низ сопствената душа. Интуицијата одлично ќе ве служи на полето на романтиката и поради тоа ќе развивате врски што позитивно ќе влијаат на начинот на којшто се вреднувате. Ова не е време да ја искажувате вашата питомост. Бидете јасни во врска со вашите потреби и гледајте кој ќе се издигне доволно за да ги исполни.
Лав – Што сакате? Што навистина сакате? Ова не е време да продолжите да вложувате во врските од коишто ништо не учите, но исто така не е ни добар момент за да му дозволите на егото да владее со вас. Силата е во вашиот знак, како и во вашата гордост, а овие две нешта можат да бидат токму тоа што ви треба – или тоа што ќе ве одведе во пропаст. Па, слушајте го срцето и интуицијата и побарајте го она што навистина ви треба. Ќе се изненадите од резултатите.
Стрелец – Искуствата што ќе ги доживеете оваа зима ќе ве подготват за големи промени на сексуалното и љубовното поле. Обрнете внимание на сите оние нешта што прават да се чувствувате несигурно, параноично и нестабилно, како и на оние што ви ги носат спротивните, позитивни нешта. Кога ќе ја доживеете оваа јаснотија, ќе знаете во кој правец треба да се придвижите и во однос на љубовта.
Водолија – Можеби имате чувство дека не е време за забавување со повеќе луѓе одеднаш. Можеби чувствувате дека не сте веќе расположени за сите тие игри на флерт… И тоа е сосема во ред. Искуството од последниве неколку години ве научило да ги почитувате вашите желби и потреби. Но, исто така ве научило и на тоа да ги контролирате само нештата што можете да ги контролирате и да не се грижите за останатото. Затоа и оваа зима брзо ќе го пронајдете патот до љубовта и ќе ја изградите онаа врска што навистина ви одговара.