Пристига леден бран кон Македонија – временска најава за денеска

0

Денеска времето ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 4 Целзиусови степени, Маврово -2, Охрид 3, Прилеп 2, Крива Паланка и Берово -1, Кавадарци 5, Дојран 6…

Од утре сончево со мала до умерена облачност и студено и дневни температури од -3 во Мавров, 3 во Охрид, 4во Скопје до 7 во Дојран.

Во следните два дена, односно денес и утре, ќе биде студено и суво. Нови врнежи, претежно од снег, ќе има во четврток.

Утре минималната ќе биде од минус шест до два степена, во четврток од минус осум до минус еден, во петок од минус пет до два степена и во сабота од минус еден до пет.

Дневната температура денес ќе се движи од нула до седум, во среда од еден до осум, во четврток од нула до шест, во петок од три до осум степени и во сабота од пет до 10 степени.

Претходна статијаПет хороскопи ги очекува голема љубов зимава
Следна статијаКарлеуша откри детали за дружбата со Тоше Проески – со тага ги раскажа спомените