Стрелец
Веќе сте заморени од празни ветувања и преголеми очекувања. Работите кои ги имате започнато повеќе одат наназад отколку напред. Меѓутоа, се уште не сте добиле негативни одговори и затоа морате да продолжите со работата и да се надевате.
Партнерот во изминатиот период покажуваше иницијатива за средување на некои работи, но сега повторно се повлекува и нема желба да соработува. Тоа ве нервира, но немате начин да го разбудите и да го вратите во реалноста. Можен е зголемен стрес.
Скорпија
Денес ќе бидете соочени со некои неочекувани проблеми. Највеќе ви пречи што воопшто не сте размислувале за таква опција и немате направено план Б.
Свесни сте дека на крај се ќе биде како треба, но во моментов се чувствувате беспомошно. Доколку партнерот е роден во огнен знак, очекувајте нервозна реакција на некои ваши потреби. Тој не може да се менува, но вие секогаш можете да најдете компромисно решение и да го сочувате мирот во домот. Можни се проблеми со стомакот.
Близнаци
Чувајте си го грбот и не дозволувајте друг да ги преземе вашите заслуги. Ова е ваше време и треба да го искористите до максимум. Партнерот е ирационален и треба да му ја дадете својата поддршка. Вас ве нервира неговата таинственост, но тоа е само знак на слабост. Доколку сте сами, не предомислувајте се, туку храбро пристапете и на личноста за која сте заинтересирани.
Рак
Работата доста ќе ве исцрпува, а работните задачи ќе ви одземаат повеќе време од вообичаено. Ќе бидете нерасположени бидејќи немате соодветен план. Ќе се обидувате да ги споите љубовта и работата што ќе ви биде многу тешко. Партнерот не ви е многу наклонет, внимавајте можеби крие нашто од вас.
Лав