Какви подароци сакаат хороскопскци знаци за Нова Година: Биковите украси, Близнаците мобилен

0

Овен:

Овенот ќе биде пресреќен ако му подарите годишна членарина за вежбалница или за некоја егзотична боречка вештина. Ако имате доволно пари, изненадете го со домашна справа за вежбање, ако буџетот ви е ограничен, и теговите ќе завршат работат. Овенот има натпреварувачки дух, па нема да погрешите ни ако му купите некаква друштвена игра, како на пример „Ризик“.

Што не би требало да им подарите:

На мажите никако не им подарувајте папучи, а на жените престилка. И двајцата ќе полудат што ги ставате во подредена улога. За нив не е добар подарок ниту некоја долга книга или комплет сериозни филмови со филозофска порака, тоа е премногу здодевно за Овните, бидејќи лесно губат внимание.

Бик:

Биковите се естети и домашни типови, па затоа за нив идеален подарок е украсна вазна, уметничка слика или привлечен украс. Ги обожаваат сите растенија, па затоа ќе бидат пресреќни ако добијат украсно дрво или бонсаи. Подарете им удобна фотелја и топло ќебенце. Нема да се бунат ни ако добијат книга со рецепти, по можност со убави слики од кои ќе им потекуваат лиги или, пак, сервис за јадење. Најдраго ќе им биде ако ги одведете во некој ресторан каде што ќе можат да јадат и пијат колку сакаат.

Што не би требало да им подарите:

Немојте да им подарувате вага или книга за здрава исхрана. Биковите се хедонисти, па неретко имаат проблем со вишокот килограми, па затоа вашиот подарок ќе го сфатат како лоша критика. Одбегнувајте научно-фантастични романи и прирачници за самопомош, тие ќе предизвикаат потсмев кај рационалниот Бик.

Близнаци:

Близнаците ќе ги израдувате со каква било направа што ќе им ја олесни комуникацијата и сурфањето на Интернет, па така нема да погрешите ако одберете нов мобилен телефон, таблет или лаптоп. Ако сакате да заштедите, подарете им книга, бидејќи Близнаците уживаат да читаат и да впиваат информации. Израдувајте ги со карти за стендап настапи на комичари. Ќе уживаат во смешниот и откачен подарок. Слободно подарете им запалка во форма на револвер, ваза со смешна форма или маица со смешна порака.

Што не би требало да им подарите:

Немојте да им подарувате книга од илјада страници или ДВД со филм што трае повеќе од три часа, бидејќи лесно губат концентрација.

Рак:

Подарете им убава слика или некој друг украс за домот. Ќе ги воодушевите со готвач, сет лонци за готвење или нови чинии. Со оглед на тоа што се романтични, ќе уживаат во колекција љубовни филмови. Ако сакате да направите нешто навистина посебно за нив, како подарок изработете им семејно дрво. Секој Рак е колекционер во душа, па слободно подарете им некој предмет од семејна или историска вредност. Ќе го чуваат со многу внимание и љубов.

Што не би требало да им подарите:

Немојте да им подарите најмодерен таблет или мобилен телефон. Раковите не се интересираат за модерна технологија.

Лав:

Сјајно, блескаво, скапо – тоа се епитетите што би требало да го опишат идеалниот подарок за Лавот. Жената Лав ќе ја воодушевите со парче накит, по можност златно, со дизајнерска чанта или паричник. На мажите ќе им измамите насмевка на лицето ако под новогодишната елка им ставите скап и квалитетен часовник или парфем. Лавовите сакаат сè што модерно во моментот, па затоа најновиот Ајфон или Ајпед би биле полн погодок. За Лавот важи правилото: Немојте да штедите. Покажете му колку ви значи со скап подарок.

Што не би требало да им подарите:

Кујнски крпи, чорапи, гаќи, пешкири, заборавете на сите предмети за секојдневна употреба. Лавовите не сакаат подарок што ќе биде корисен, тие сакаат нешто со што ќе можат да се пофалат пред пријателите, а сетот кујнски крпи не е нешто што би предизвикало завист кај другите.

Девица:

За разлика од Лавот, Девицата нема да биде среќна ако ѝ подарите скап подарок. Таа е скромна и не сака да се чувствува должна, бидејќи ќе мисли дека за возврат мора да ви даде уште подобар и поквалитетен подарок. За неа идеален подарок е пешкир, пар чорапи или убава долна облека. Со оглед на тоа што е хипохондрик, ќе се воодушеви од книга за здраво готвење, дигитален топломер или домашна справа за вежбање.

Што не би требало да им подарите:

Кичеста вазна или слика, златен накит, нападна облека во шарени бои… Девиците мразат сè што е кич и што се граничи со невкус, па затоа ќе ги налутите ако им подарите огромна позлатена статуа или големо синџирче од вештачко злато. Девицата нема да сака да ве навреди, па ќе ви каже дека ѝ се допаѓа, но штом си заминете, лошиот подарок ќе го стави на таван заедно со останатите што ѝ биле преголеми, шарени или едноставно непрактични.

Терезија:

Најголемиот естет во Зодијакот ќе го воодушевите ако под елката му ставите уметничка слика, украс или прекрасно големо растение. Терезиите се радуваат на убави работи, па затоа ќе им се допадне и децентно парче накит, дизајнерска маица или шал, а сакаат и козметика. Изненадете ги со убав и елегантен мобилен телефон, а ако не сте при пари, нема да погрешите и ако им купите чоколадо.

Што не би требало да им подарите:

Немојте да им подарувате средства за чистење, пешкири, крпи и какви било домаќински предмети. Терезиите сакаат нешто убаво и елегантно, а корисните работи не ги сметаат за подароци.

Скорпија:

Овој знак сака убави и квалитетни подароци, па за нив идеален подарок е паричник или убав часовник. Со оглед на тоа што се страсни, ќе ги воодушевите со атрактивна долна облека или Кама Сутра. Нема да погрешите ни ако им подарите криминалистички роман. Припадниците на овој знак ги обожаваат мистериозните, неистражени теми, па затоа уживаат да читаат книги за астрологија, нерешени мистерии, убиства, вонземјани и духови. Сакаат црн хумор и хорори, па нема да погрешите ни ако им подарите филмови од тој жанр.

Што не би требало да им подарите:

Немојте да им подарите плишани играчки со натписи „I love you“, а нема да ги воодушевите ни со романтични комедии, љубовни романи и сè друго што е комерцијализирано. Ако им подарите некоја мејнстрим книга или филм, Скорпиите ќе се налутат и ќе помислат дека воопшто не ги познавате.

Стрелец:

Секој Стрелец сонува за далечни патувања, па затоа идеален подарок за него е авионска карта и сместување во некоја егзотична земја. Ако не сте при пари, подарете им книга за странски земји и култури или уплатете им курс по странски јазик. Подарете им предмет поврзан со друга култура, статуетка од Африка, кимоно, абориџински украс или бонго. Ќе се воодушеват и од забавна друштвена игра или влезници за добар концерт.

Што не би требало да им подарите:

На Стрелците им е важен гестот, па затоа ќе се развеселат и од самиот факт што сте се сетиле на нив. За нив секој подарок е посебен, но можеби нема да им биде толку драго ако ги изненадите со чорапи, гаќи, пижами или постелнина. Ако веќе им подарувате практични работи, погрижете се барем да бидат духовити или шарени.

Јарец:

Скапо и квалитетно, тоа се особините што би требало да ги поседува идеалниот подарок за Јарецот. Најновите Ајфон и Ајпед ќе измамат насмевка на нивното лице, а нема да погрешите ни со слика од познат уметник. Мажот Јарец ќе го воодушевите со скап часовник, вратоврска или елегантна запалка, а жената Јарец ќе ја изненадите со омилениот парфем или парче децентен накит. Нема ни да погрешите ако едноставно ги прашате што им треба, па Јарците со задоволство ќе ви набројат што сакаат. Може слободно да им дадете и подарок купон за да можат сами да одберат. Ако сакате навистина да ги развеселите, едноставно дајте им пари.

Што не би требало да им подарите:

Немојте да им подарувате непотребни работи што никогаш нема да ги користат. Ако купите голема украсна светилка, слика или некој друг непотребен, неквалитетен и кичест украс, Јарците ќе се згрозат и ќе го скријат на таван.

Водолија:

Откачените Водолии ќе ги развеселите со некој невообичаен подарок, па затоа препуштете се на фантазијата. Со оглед на тоа што обожаваат научна-фантастика, купете им откачен костим, книга од тој жанр или набавете ги сите епизоди од „Војна на ѕвездите“. Пожелни се и разни фигури, растенија и аквариуми. Водолиите обично имаат талент за музика и сликање, па ќе се воодушеват и ако им купите инструмент или штафелај.

Што не би требало да им подарите:

Водолиите не сакаат вообичаени подароци, па затоа не им купувајте парче облека што го носи пола град, мобилен што сите го имаат или било какво предмет што е моментално актуелен. Водолиите не следат трендови, туку ги создаваат, па затоа ќе се навредат ако им подарите нешто обично, нешто што сите го имаат.

Риби:

Рибите сакаат подароци во кои е вложено многу труд и љубов, па затоа ќе им биде драго ако им направите фото-албум или колаж од најубавите спомени. Ќе ги воодушевите ако им подарите кученце или маче од засолниште. Ќе ги развеселите со омилениот парфем, уметничка слика, убави чевли или парче накит. Притоа, одбирајте сина и тиркизна боја.

Што не би требало да им подарите:
Ако им подарите подарок купон, ќе мислат дека не сте се потрудиле. Ако им подарите каков било подарок што не е
наменет за нив лично, ќе се навредат и ќе мислат дека не ви значат.

Претходна статијаКаролина Гочева предновогодишно со длабоко деколте без градник (ФОТО)
Следна статијаАстро прогноза за 2019: Овие хороскопски знаци ќе се збогатат следната година