Знаат ли власта и опозицијата каде се крие Груевски

0

На поранешниот Премиер на Република Македонија и доскорешен лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, од петокот наваму му се губи секаква трага. Тој последен пат се појави во судот, на едно од рочиштата за процесите кои се водат против него.

Со оглед на тоа што жалбата за одложување на казната за случајот “Тенк” во кој е осуден на две годишна затворска казна му беше одбиена, судот во петокот се обиде да му го врачи решението и со тоа тој требаше да се упати на издржување на казната.

Но тоа не се случи, судскиот курир не го најде Груевски, сабота и недела беа неработни денови, па со потрагата по него се продолжи вчера. Откако судскиот курир повторно не го најде, судот го информираше МВР и побара асистенција, а МВР веднаш објави потерница по поранешниот Премиер. Екипи на полицијата го побараа на неговата домашна адреса, но и на локации за кои се претпоставува дека би можел да престојува, меѓу кои и околу партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Во јавноста се шпекулира за неколку опции каде би можел да биде Груевски. Една од нив е дека е можеби пребеган надвор од границите на нашата држава. Но тука се поставува едно прашање. Можно ли е полицијата да не може да го лоцира неговото движење, кога насекаде, особено во главниот град Скопје се поставени камери.

Втората индикација дека можеби е позната неговата локација, е изјавата на лидерот на опозицијата Мицкоски, кој доцна синоќа упати прашање до МВР зошто прават театар, кога според него тие го следат движењето на опозициските функционери. Третиот интересен факт е што МВР распиша само домашна, а не и меѓународна потерница.

Една од верзиите кои денес се разговараат како можна опција за засолниште на Груевски, е тој да е влезен и да побара заштита во некоја од амбасадите на нему блиските државници од времето кога беше Премиер. Нашите извори велат дека ова е многу веројатно и можно сценарио. Што во тој случај? Ние ќе се обидеме да побараме мислење од некој од професорите по меѓународно право, но познат ни е примерот со Џулиан Асанж и неговиот долгогодишен престој во Еквадорската амбасада во Лондон.

П.П.

Претходна статијаУбавата водителка Елена Стојановска денес слави со повод (ФОТО)
Следна статијаУтре е голем христијански празник – овие две нешта никако не смеете да ги правите